Судирите на Блискиот Исток ескалираа - Иран во вторникот вечер изврши масовен ракетен напад врз Израел. Според израелските медиуми, испукани се повеќе од 200 проектили врз цели низ целата земја, а истото тоа го потврди и иранската државна новинска агенција. Иранската револуционерна гарда порача дека нападот е одмазда за смртта на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, убиен во Техеран во јули, како и за лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, кој загина минатата недела во Бејрут. Тие нагласуваат дека целите на денешниот напад биле важни воени бази.
Колумнистот на „Блумберг“ (Bloomberg) и истакнат професор на Факултетот за напредни меѓународни студии на универзитетот „Џонс Хопкинс“, Хал Брендс, го изнесува своето гледиште за настаните што довеле до овој напад. Брендс, кој исто така е виш соработник на институтот „Американ ентерпрајз“, коавтор на книгата „Зона на опасност: Претстојниот конфликт со Кина“ (Danger Zone: The Coming Conflict with China) и член на Комитетот за надворешна политика на Стејт департментот, смета дека Израел со својот удар врз Хезболах фактички го притиснал Иран во ќош.
Одмазда за убиството на лидерот
Прочитај повеќе

Израелските сили го елиминираа лидерот на Хамас во Либан
Лидерот на Хамас во Либан, Фатех Шериф Абу ел Амин, загина заедно со неколку члена на семејството при израелски напад.
30.09.2024

Израел објави дека водачот на Хезболах, Насрала е убиен во воздушен напад
Доколку се потврди смртта би била огромен удар за Хезболах и за Иран.
28.09.2024

Истакнат командант на Хезболах убиен во израелски воздушен напад
Израел уби истакнат командант на Хезболах во воздушен напад врз јужните предградија на Бејрут.
21.09.2024

Мосад со експлозивни пејџери против раководството на Хезболах
Околу 3.000 луѓе, вклучително и стотици претставници на Хезболах, беа повредени, а неколкумина загинаа низ Либан во вторникот, кога пејџерите што ги користат за комуникација експлодираа.
18.09.2024

Тајната мрежа на тунели на Хамас проблем за израелската офанзива
Иако Хамас не може да се носи со технолошката софистицираност на израелската армија, милитантната група има многу необична предност...
16.10.2023

Што е Хамас - историја на милитантната група што го нападна Израел
Со еден потег, нападот на Хамас врз Израел ги преуреди регионалните приоритети во скора иднина.
10.10.2023

Жестокиот напад врз Израел го става Иран во центарот на вниманието
Најновиот напад врз Израел од страна на палестинската милитантна група Хамас го обнови фокусот на светот кон војната во сенка.
09.10.2023
Израелскиот воздушен напад во кој лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, беше убиен длабоко во неговиот бункер во Бејрут беше кулминација на една од најсмртоносните, прецизно насочени воени кампањи во современата историја. Во текот на неколку дена, на извонредно креативни начини, Израел го врати Хезболах со години назад.
Оваа тактичка брилијантност не ги реши сериозните стратегиски проблеми на Израел, но засега ја обнови аурата на сè поважната израелска моќ и ги смени условите за борба пошироко на Блискиот Исток.
Во јули Израел започна систематски да елиминира некои од своите најистакнати непријатели: Фуад Шукр, началник на воениот штаб на Хезболах; Исмаил Ханија, шеф на политичкото крило на Хамас; и Мохамед Деиф, воен командант на групата во Газа. Во текот на последните две недели Израел се сврте кон север, фокусирајќи ја својата деструктивна енергија на Хезболах за да ја оддалечи оваа група од израелската граница.
Bloomberg
Оваа кампања - која вклучува експлозивни пејџери и прецизни воздушни напади, потпомогната од извонредни разузнавачки достигнувања - уништи можеби половина од арсеналот на ракети со долг дострел на Хезболах и ја десеткуваше неговата командна структура. Наместо да предизвикаат апокалиптична одмазда, овие удари ги натераа Хезболах и неговите ирански покровители да размислуваат како да одговорат. Ваквата деградација на најмоќната терористичка група во светот се смета за најимпресивното достигнување на Израел од Шестдневната војна во 1967 година. Дополнително, тоа го промени стратешкиот пејзаж на Блискиот Исток.
Во непријателско опкружување
Прво, нарушена е психолошката рамнотежа. Нападите на Хамас на 7 октомври 2023 година го претставија Израел како слаб и неспособен да ги контролира своите граници или да спречи масакр над своите граѓани во нивните домови. По тие напади, зајакнатата „Оска на отпорот“, предводена од Иран - Хамас во Газа, Хезболах во Либан, Хутите во Јемен, шиитските претставници во Ирак и во Сирија - го нападна Израел од повеќе страни.
Една година подоцна Израел сè уште е опкружен со непријатели. Но тој покажа дека може да доминира над секого од нив на бојното поле, со што ја обнови перцепцијата на моќ што ја поддржува неговата стратегија за опстанок во овој опасен регион. Сведоци сме на тоа како Иран и Хезболах се воздржуваат од поголем конфликт, бидејќи им недостигаат добри опции за одмазда без да предизвикаат уште поголемо уништување.

Второ, овие операции нагласуваат дека Иран и неговите сојузници - а не Израел и САД - треба да бидат многу повнимателни во однос на регионалната ескалација. Хезболах сè уште располага со многу ракети и борци; Хутите се постојан предизвик за слободата на пловидбата; Иран ги задржува своите моќни способности. Но „Оската на отпорот“ ќе претрпи најтешки последици ако дојде до некој поголем конфликт од висок интензитет со Израел и со Америка. Затоа Вашингтон можеби треба да го искористи тој страв од ескалација - заканувајќи се, на пример, дека понатамошните напади на Хутите врз бродовите во Црвено Море ќе резултираат со построга и подолготрајна одмазда против Хутите и иранските воени средства што ги поддржуваат.
Иранското нуклеарно прашање
Трето, Израел го смени теренот во претстојната иранска нуклеарна криза. Иран долго време го третираше Хезболах како своја стратегиска осигурителна полиса: доколку Израел ги нападне иранските нуклеарни локации, Хезболах може да испрати ракети врз Израел. Но Хезболах моментално е под голем притисок, а Израел веќе докажа дека може да погоди најчувствителни локации во Иран. Така, сега Иран мора да дејствува многу внимателно, што им дава поголема предност на САД и на Израел додека се обидуваат - преку присила или преговори - да го спречат Техеран да дојде до нуклеарно оружје.
Ali Mohammadi/Bloomberg
Конечно, дипломатската нормализација со Саудиска Арабија е на пауза поради војната во Газа, но Израел ги потсети заливските држави зошто го сакаат на своја страна. Не е поради симпатии кон ционистичкиот проект тоа што Саудиска Арабија, под водство на престолонаследникот Мохамед бин Салман, се приближува кон Израел. Се подразбира дека Израел е регионална суперсила што може да им помогне на Саудијците да ги обуздат, а доколку е потребно, да се справат со заедничките непријатели. Силен Израел е попривлечен сојузник од слаб Израел, а денес израелската сила навистина изгледа импресивно.
Опасноста е во тоа што неочекуваните воени пробиви може да предизвикаат стратегиска еуфорија, па важно е да не се преценуваат постигнувањата на Израел.
Цената на воениот успех
Земјата сè уште е заглавена во тешка квазиокупација на Газа, каде што десетици израелски заложници полека умираат во темните тунели контролирани од Хамас. Економијата страда поради продолжениот конфликт на повеќе фронта; израелското општество и политика остануваат длабоко, можеби и опасно, поларизирани.
Bloomberg Mercury
Хезболах и Иран се ослабени, но не се уништени; десетици илјади жители на северен Израел сè уште се раселени од своите домови. И ако започнатата израелска копнена кампања во Либан се претвори во грд и исцрпувачки настан - наместо серија длабоки и казнени напади - израелската дипломатска изолација може да се продлабочи и брановите на поголемото регионално натпреварување повторно да се променат.
Но, во моментов, непријателите на Израел повторно му се зад петици, а тој може да се справи со своите многубројни безбедносни проблеми од позиција на поголема сила. Тоа е добра вест за регионот во кој неодамна изгледаше дека очигледно геноцидните сили на радикализмот се во подем и за светот во кој геополитичките злосторници во последно време премногу често земаа замав.