text size
Во регионот Адрија најзастапени се „малите“ винарници, кои претрпеа трансформација од семејно во комерцијално производство. Можам слободно да го дефинирам нашиот вински пазар како пазар на кој постојат голем број мали производители на вино што личат едни на други, а сите се посебни на свој начин. Уникатноста се рефлектира во технолошкиот процес на производство на ограничени количества вино од сопствени лозови насади, кои се наоѓаат во одредени географски области, што ја изразува нивната уникатност. Географската локација, квалитетот на почвата и климата се главните фактори што го разликуваат производот.