Општо

Шпанскиот премиер бара да не се носат вратоврски за да се штеди струја

Извор: Rodrigo Orihuela/Bloomberg

29. Јули 2022, 15:54

Шпанскиот премиер бара да не се носат вратоврски за да се штеди струја

Bloomberg

Шпанскиот премиер, Педро Санчез, ја остави својата вратоврска и побара од министрите и канцелариските работници да го следат примерот за да можат да помогнат во заштедата на енергија.

„Јас не носам вратоврска и ги замолив моите министри да го направат истото“, рече Санчез за време на говорот во кој носеше син костум и бела кошула. Тој побара од компаниите да дозволат персоналот да работи без вратоврски за да можат и тие да придонесат за заштеда на електрична енергија.

Владата на Санчез ќе одобри програма за енергетска ефикасност и заштеда на 1 август, придружувајќи им се на другите европски земји кои воведуваат слични мерки. Тој не прецизираше како избегнувањето на вратоврски може да помогне за заштеда на енергија, но Министерството за животна средина, кое ја надгледува енергетската политика, веќе ги нагодува климатизерите на 27 степени, што е потопло од вообичаеното, како еден од начините за намалување на потрошувачката на енергија.

Иако цените на струјата во Шпанија пораснаа во последните месеци поради војната во Украина, во последните недели беа значително пониски за таа медитеранската земја и Португалија, откако беа поставени ограничувања на цената на гасот што се користи за производство на електрична енергија.

Сите новости од рубриката Останато

Останато

сите новости од рубриката Останато