text size
Дали мислевте дека само живите суштества имаат потреба од вода за да преживеат? Грешите. Најголемите вештачки системи денес имаат потреба од вода повеќе од кога било, и во количества што просечниот човек тешко може да ги замисли. Еден од ентитетите што денес „пијат“ најмногу вода на планетата е токму оној што нема тело - вештачката интелигенција (ВИ). Она што некогаш беше нафтата за индустриската револуција сега е водата за дигиталната револуција.