text size
Какви ќе бидат политиките за исплата на дивиденда на компаниите што котираат на Македонската берза е прашање што се актуализира меѓу инвеститорите при одбројувањето на последните денови од 2022 година. Уште едно важно прашање е каков е дивидендниот принос на акциите (соодносот помеѓу исплатената дивиденда и моменталната пазарна цена), со оглед на тоа што станува збор за еден од главните показатели за стапката на поврат од инвестициите во акции. „Блумберг Адрија“ ги анализираше досегашните дивидендни политики на некои од котираните компании и дивидендниот принос. Тие можат многу да помогнат при одлуките за инвестирање што евентуално би ги носеле следната година. Кои се главните играчи на берзата, кои носат пари, кои носат сигурни пари? Дивидендната историја е главен показател за тоа.