Ако на 1 јануари 2015 година сте инвестирале 1.000 долари во американски акции, до крајот на април 2025 вашето портфолио би вредело околу 2.680 долари. Но пазарите не се само бројки – тоа се места каде што информираните луѓе носат подобри одлуки.
Во време на висока инфлација, технолошки пресврти и геополитичка неизвесност, квалитетното финансиско знаење е поважно од кога било. „Блумберг Адрија“ ја лансира новата дигитална платформа што го нуди токму тоа: структуирана, практична и достапна едукација за инвестирање.
Учење што се приспособува на вас
Нема потреба од слободен ден или училница – доволна е само одлука да почнете. Курсевите на платформата „Блумберг Адрија Едукации“ се дизајнирани за современиот корисник:
-
Флексибилно и мултимедијално – гледајте лекции кога и каде сакате, преку компјутер или телефон;
-
Видео и резимеа – кратки формати што овозможуваат брзо разбирање на содржината;
-
Паметна содржина – веднаш применливо знаење за информирано инвестирање.
Што ќе научите?
Од историјата на берзите до практични инвестициски одлуки – платформата ги опфаќа клучните теми:
-
Како Холандската источноиндиска компанија ги поставила темелите на модерната берза;
-
Зошто пазарните еуфории и падови се дел од циклусот – и како да ги препознаете;
-
Кои се најголемите светски и регионални берзи и какво влијание имаат врз вашиот портфолио;
-
Како да го процените инвестицискиот ризик и да ги усогласите вложувањата со вашиот профил;
-
Како да размислувате долгорочно и да го заштитите својот капитал – вклучувајќи го и даночниот аспект.
Курсевите вклучуваат квизови, сертификати и препорачани извори, а новото знаење можете да го проверите и примените веднаш.
Зошто токму сега?
Затоа што инвестирањето повеќе не е само за финансиските професионалци. Тоа е алатка што секој може да ја користи – ако ги знае правилата на игра.
„Во време на неизвесност, луѓето често бараат сигурност во познатото. Но токму тогаш се појавуваат можности – за оние што го разбираат пазарот,“ велат од „Блумберг Адрија“.
Проверете што подготвивме
Платформата е сега активна и достапна за корисниците во Македонија. Погледнете ја првата лекција тука:
Инвестирајте во себе – пред да инвестирате на друго место.
„Блумберг Адрија Едукации“: знаење што носи резултати.