Крипто

JPMorgan: Mногу мала побарувачка за крипто како платежно средство

Извор: Krystal Chia/Bloomberg

20. Септември 2022, 12:00

Побарувачката е драстично намалена во последните шест месеци

Георгакопулос: Криптовалутите стануваат „сè поголеми“ во секторот за игри

JPMorgan: Mногу мала побарувачка за крипто како платежно средство

Bloomberg

Побарувачката за криптовалути како средство за плаќање драстично опадна во последните шест месеци, вели Такис ​​Георгакопулос, глобален шеф на секторот за плаќања во JPMorgan Chase.

„Гледавме голема побарувачка од нашите клиенти до пред, отприлика, шест месеци“, кажа Георгакопулос во интервју за телевизијата Bloomberg. „Во моментот такво нешто гледаме многу малку“, посочи тој, но додаде дека банката ќе продолжи да ги поддржува клиентите кои сакаат да го користат таквиот начин на плаќање.

Криптовалутите минуваат низ пад што збриша околу две илјади милијарди долари пазарна вредност за помалку од една година и се соочуваат со намален обем на многу берзи. Некои од водечките компании кои се занимаваат со дигитални средства се турнати во стечај.

Сепак, JPMorgan полага надежи во растот на токенизираните средства и сè повеќе го прифаќа секторот со текот на годините. Неодамна стана еден од клучните поддржувачи на лондонскиот стартап Ownera кој се бави со дигитални средства, а во мај експериментираше со користење на блокчејн за колатерални порамнувања.

Криптовалутите, исто така, стануваат сè поголеми во секторот за игри, рече Георгакопулос. Ова се однесува и на традиционалниот гејминг и на метаверзумот, каде што има многу нови можности, додаде тој.

Фирмите како Block, која ја предводи Џек Дорси, се меѓу лидерите кои го прифаќаат потенцијалот на криптовалутите како средство за плаќање и покрај нестабилноста на дигиталните токени. Последните квартални резултати на Block покажаа дека приходите собрани преку трансакции со биткоин паднале за 34 отсто на 1,79 милијарди долари.

Зекири се товари дека го оштетил буџетот за околу 1,5 милиони евра
Општо

Зекири се товари дека го оштетил буџетот за околу 1,5 милиони евра

Зекири се товари дека спротивно на Законот и без спроведена постапка за јавна набавка склучил два договора за консултантски услуги за Пошта и Железници Транспорт вредни скоро 1,5 милиони евра.

пред 3 часа

Сите новости од рубриката Пазари

Пазари

сите новости од рубриката Пазари