Крипто

Колку македонски граѓани се радуваат на воскреснувањето на криптопазарот?

Автор: Владимир Николоски

15 ноември 2024, 06:30

Колку македонски граѓани се радуваат на воскреснувањето на криптопазарот?

Depositphotos

Владимир Николоски

Враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа предизвика воскреснување на пазарот на криптовалутите, што најмногу се манифестира преку растот на биткоинот кој во текот на неделава за момент ја надмина границата од 93.000 долари, а се очекува дека лесно може да стигне до 100.000 долари со оглед на еланот од промената во американската администрација.

Bloomberg
 

Никој во Македонија и регионот не знае колку точно сопственици на криптовалути има меѓу граѓаните, но некои пресметки покажуваат дека илјадници лица од регионот Адрија ќе имаат причина за радување од заживувањето на пазарот на криптовалутите, кој беше разнишан по низата скандали и измами. Имено, според пресметките на „Трипл А“ (Triple A) во Македонија заклучно со 2023 година 25.111 лица имале криптовалути во своја сопственост, што е еднакво на 1,20 проценти од вкупната популација. Според „Трипл А“ од земјите од регионот, најмногу сопственици на криптовалути заклучно со минатата година имало во Србија (131.775 односно 1,84 проценти од вкупната популација).

Оттаму неодамна го објавија и извештајот за 2024 година според кој во светот има значителен раст на криптопазарот Имено, „Трипл А“ проценува дека годинава во светот има 560 милиони сопственици на криптовалути, што е значителен раст во однос на претходната година кога се проценува дека имало 420 милиони лица-сопственици на крипто. Односно, според нивните пресметки, денес 6,8 проценти од вкупната популација во светот поседуваат криптосредства. Вреди да се забележи дека на листата топ 30 земји за 2024 година со најмногу криптосопственици се најде и Словенија за која е пресметано дека 9,9 проценти од вкупната популација вложила во криптосредства. За другите земји од регионот во извештајот нема податоци за 2024 година.

Bloomberg
 

„Трипл А“ за пресметките за бројот на сопственици на критповалути користи збир од повеќе метрики меѓу кои вредноста на малопродажбата кај крипто берзите, обемот на тргување на платформите за директна размена и дополнителни истражувања.

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.
Сите новости од рубриката Пазари

Пазари

сите новости од рубриката Пазари

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите