text size
Уште од 2006 година приносите на американските државни обврзници со најдолг рок на достасување не биле толку високи толку долго време. Огромниот буџетски дефицит, новиот бран корпоративно задолжување и потенцијално пресудниот состанок на Федералните резерви (Фед) во следните недели ќе ги држат инвеститорите внимателни кога станува збор за американскиот долг.
Приносот на 30-годишната американска државна обврзница во средината на август достигна 5,34 отсто, највисоко ниво од 2007 година и само 10 базични поени под највисокото ниво во последните 22 години. До понеделникот приносот беше над 5 отсто во 55 дена од почетокот на јануари, што е најмногу во која било година од 2006 година наваму, покажуваат податоците собрани од „Блумберг“. Во вторникот изнесуваше 5,28 отсто.
Обврзниците со подолг рок на достасување го започнуваат месецот со слаб резултат, под притисок на постојаните стравувања од инфлација, растот на цените на нафтата и тековните фискални проблеми. Приносите на 30-годишните германски обврзници во вторникот го достигнаа највисокото ниво од 2011 година, додека соодветната стапка во Велика Британија се искачи на ниво последен пат забележано во 1998 година. Во Австралија приносите достигнаа нов рекорд во вторникот, според податоците што се водат од 2016 година, додека приносот на индексот на глобалните државни обврзници на „Блумберг“ се искачи на највисоко ниво во речиси две децении.
Прочитај повеќе
Глобалната распродажба на обврзници ги искачи приносите на највисоко ниво од 2008 година
Растечките цени на нафтата ги поттикнаа стравувањата од инфлација, а инвеститорите ги зголемија очекувањата дека Федералните резерви ќе ги зголемат каматните стапки.
пред 5 часа
Баркин од Фед: Растoт на американски долг на крајот ќе доведе до соочување со реалноста
Претседателот на Федералните резерви на Ричмонд, Том Баркин, изјави дека на крајот ќе дојде до „соочување со реалноста“ ако американскиот долг продолжи да расте, но дека е тешко да се предвиди кога би можело тоа да се случи.
26.08.2026
Менторот на Бесент вели дека мешањето на владата во пазарите на обврзници е грешка
Милијардерот Стенли Дракенмилер верува дека неговиот штитеник прави грешка.
25.08.2026
Далио: Продавајте ги обврзниците, купувајте злато и биткоин
Инвеститорската легенда Реј Далио изјави дека вложувачите треба да ги намалат своите портфолија на обврзници и да одвојат дури 15 отсто од своите пари за злато за да се заштитат од ризикот од голема криза со долгот во САД.
21.08.2026
Доларот би можел да биде најголемиот губитник од откупот на обврзници на Бесент
Американскиот министер за финансии решително интервенираше за да го запре потенцијално штетниот раст на трошоците за задолжување, но цената на таа политика на крајот би можел да ја плати доларот.
20.08.2026
Новите непријателства меѓу САД и Иран ја зголемија загриженоста дека би можело да дојде до долготрајни нарушувања на протокот на енергенти низ Ормускиот Теснец, што ги зголеми цените на нафтата. Цената на суровата нафта брент во вторникот надмина 92 долара за барел, откако неколку актуелни и поранешни функционери изјавија дека очекуваат конфликтот на Блискиот Исток да трае со месеци.
Во исто време инвеститорите велат дека буџетските проблеми на САД, кои веќе влијаат врз државните обврзници, нема наскоро да исчезнат. Иако американскиот министер за финансии Скот Бесент минатиот месец ги изненади пазарите со најавата за проширување на откупот на постарите државни обврзници, со цел да се задржат приносите под контрола, неговиот потег ќе биде неутрализиран со очекуваното корпоративно задолжување од 215 милијарди долари во септември. Тоа следува по рекордното ниво на корпоративно задолжување во август, поттикнато од револуцијата во областа на вештачката интелигенција.
Приносот на долгорочните обврзници од над 5 отсто го враќа пазарот во 2006 година
Bloomberg
Приносите на обврзниците со најдолг рок на достасување ќе останат високи „сè додека реформата на социјалните и другите задолжителни буџетски програми не ја промени сликата за дефицитот“, изјави Џон Бригс, шеф на стратегија за американски каматни стапки во „Натиксис“ (Natixis North America). „Откупите се само капка во морето.“
Состанокот на Федералните резерви во септември ќе ја тестира решителноста на претседателот Кевин Ворш да ги зголеми каматните стапки во услови на тврдокорна инфлација, која е поттикната од отпорната економија и растот на цените на енергентите поради војната. Се очекува распродажбата на долгорочните државни обврзници да забрза доколку централната банка се двоуми околу преземањето мерки.
Трговците во цените веќе вградуваат затегнување на монетарната политика од околу 17 базични поени на состанокот на Фед на 15 и 16 септември, што одговара на веројатност од околу 70 отсто, по остриот говор на Ворш во Џексон Хол минатата недела.
Податоците за вработеноста во САД за август, кои треба да бидат објавени в петок, како и податоците за инфлацијата, кои се очекуваат на 11 септември, ќе дадат дополнителна слика за тоа како се зголемуваат ценовните притисоци во економијата.
Бидејќи долгорочните обврзници се почувствителни на стравувањата од инфлација, сигналите дека Фед ја задржува сегашната политика и покрај забрзувањето на растот на потрошувачките цени би им дале на инвеститорите дополнителна причина да го избегнуваат проблематичниот 30-годишен долг.
„Ако сакате да ги намалите приносите на долгорочниот дел од кривата, треба да ги зголемите каматните стапки“, рече Грегори Фаранело, шеф на тргување и стратегија за американските каматни стапки во АВС (AmeriVet Securities). Тој очекува Фед да ги зголеми каматните стапки и е оптимист за 10-годишните американски државни обврзници и за обврзниците со пократок рок на достасување.
Сепак, други инвеститори се обложуваат на дополнително слабеење. Во понеделникот тргувањето со опции поврзани со американските државни обврзници покажа дека трговците очекуваат многу повисоки приноси кај 30-годишните обврзници. Еден од договорите се обложува дека приносот ќе се искачи на околу 5,7 отсто пред истекот на договорот на 20 ноември.
Ситуацијата е дополнително усложнета од специфичната позиција што ја има 30-годишната обврзница на пазарот на американски државен долг, чија вредност е 31 билион долари. Побарувачката за американски државни обврзници со долг рок на достасување главно доаѓа од инвеститори како осигурителни компании и пензиски фондови, кои сакаат да ги покријат своите обврски што се протегаат во неколку децении. Од друга страна, менаџерите на обврзнички портфолија што сакаат нивните вложувања да бидат помалку чувствителни на промените на каматните стапки, односно да имаат пократка дурација, имаат тенденција да ја ограничуваат изложеноста кон долгорочните обврзници.
Bloomberg
„И покрај откупот на американските државни обврзници и другите неодамнешни мерки на политиката, инвеститорите и понатаму не сакаат да ја зголемуваат дурацијата“, напишаа стратезите за каматни стапки на Банката на Америка (Bank of America), Меган Свајбер и Елинор Сјао, во белешка објавена во понеделникот. „Намалената побарувачка од официјалниот сектор го прави пазарот сè позависен од приватната побарувачка, која е чувствителна на цените, за да ја апсорбира тековната понуда на американски државен долг.“
Што велат стратезите на „Блумберг“...
„Кривата на приносите на американските државни обврзници повторно неизбежно ќе се заостри на среден рок, бидејќи трговците ќе ги надминат очекувањата за повисоки каматни стапки, додека ниската премија за рокот ги потценува фискалните ризици што се наѕираат на хоризонтот.“
- Брендан Фаган, стратег на MLIV
Некои инвеститори се прашуваат колку уште може да падне цената на долгорочната обврзница, откако приносите се зголемија за околу 65 базични поени во однос на најниското ниво оваа година. Бригс од „Натиксис“ сега има „понеутрален“ став за актуелните нивоа, откако во текот на целата година имаше негативен став кон долгорочните обврзници.
Приносот на 30-годишната обврзница „сè уште постепено расте, но веќе поминавме долг пат во однос на премијата за рокот и реалните приноси; не мора засекогаш да расте со толку голема брзина“, рече тој.
Прија Мисра, портфолио-менаџерка во „ЏП Морган“ (JPMorgan Asset Management), рече дека откупот на американските државни обврзници од страна на Министерството за финансии би можел да помогне во зајакнувањето на побарувачката за долгорочниот долг, но „можеби ќе биде целосно надминат од налетот на новата понуда поврзана со изградбата на инфраструктурата за ВИ“.
„Можеби се приближуваме до врвот на приносите кај долгорочните обврзници, но постои неизвесност поради сите спротивставени фактори што влијаат врз пазарот“, рече таа.