text size
Тековните геополитички случувања може да имаат долгорочни последици врз глобализацијата, а тоа неповолно да се одрази особено на помалку развиените економии, истакна гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, која ги водеше дискусиите на панелот „Геополитички тензии и долгорочни макроекономски предизвици“ на конференцијата „Макроекономски предизвици во свет со геополитички тензии, висока инфлација и нееднаквост“, во организација на централната банка на Холандија.