text size
Негативни се основните показатели за задолжувањето на државата во следниот период, смета аналитичкиот тим на Bloomberg Adria. Правиме ад хок анализа по говорот на шефот на американската централна банка (ФЕД) Џером Пауел кој направи силна реакција на пазарите, а откако тој посочи дека ФЕД ќе продолжи цврсто да се бори против инфлацијата со зголемување на каматните стапки. Тоа ги разочара инвеститорите уште веднаш по говорот, на крајот на минатата недела. Зголемувањето на каматите за идни задолжувања и за овој регион беше изгледно и претходно, но оваа вест секако има и дополнително влијание. Ако каматните стапки во најголемата светска економија остануваат со тренд за зголемување тоа е негативен знак „за поризични издавачи како што се државните обврзници од регионот Адриа“.