text size
По дводневниот раст цената на нафтата на светските пазари денеска, во пресрет на состанокот на претставниците на Организацијата на земји извознички на нафта и низните сојузници (ОПЕК+), е во благ пад. На растот на цената на нафтата претходните денови влијаеја најавите дека ОПЕК+ во текот на денешниот состанок во Виена може да го договори најголемото кратење на производството од 2020 година, со цел да се влијае на зголемување на цената на нафтата.