text size
Германија може да стане нето-увозник на електрична енергија во рок од неколку години, бидејќи ќе ги исфрли нуклеарните централи и централите на јаглен, укажува мрежниот регулатор „БНетцА“ (BNetzA). Европската индустриска сила е нето-извозник на електрична енергија во последните неколку години. Но, како што ќе се оддалечи од нечистите форми на производство на струја, за да ги исполни своите климатски цели, ќе стане зависна од снабдувањето електрична енергија од други земји за да го избегне недостигот.