Суровини

ЕДС е ‚господар‘ во јавните тендери, а кој продава најмногу струја?

Автор: Александра Томиќ

24. Јули 2022, 20:08

ЕДС има милионски договори со државни и општински институции

Основана од поранешниот вицепремиер бизнисменот Кочо Анѓушев, сега е во сопственост на грчки ППЦ

Друштвото оствари нето загуба во 2021 година од 16,6 милиони евра

ЕДС е ‚господар‘ во јавните тендери, а кој продава најмногу струја?

МИА

Александра Томиќ Главен уредник на Bloomberg Adria Makedonija digital

@tomikaleksandra

Два од највреднитедоговори за набавка на електрична енергија што компанијата „Енерџи деливири солушнс“ (ЕДС) ги има добиено во последните години  се склучени токму овој јули. Едниот со Јавното претпијатие за државни патишта, вреден околу 7,6 милиони евра, другиот со Град Скопје во вкупна вредност од 3,3 милиони евра за една година. Милионските договори, логично, се плафонски заради поскапувањето на струјата на светските берзи, а во договорите кои се годишни и рамковни оваа компанија струјата ја продава по просечни цени за месоцот на испорака од цените на берзата од Будимпешта HUPX DAM.

Оваа компанија е една од најзастепните добавувачи на електрична енергија за државните институции, општините, државните училишта и други национални и општински објекти. Првично основана од поранешниот вицепремиер бизнисменот Кочо Анѓушев, сега е во сопственост на грчки ППЦ (Public Power Corporation), таа на некаков начин стана најдоминантна меѓу трговците на струја за поголеми корисници но кај државните и општинските институции. Дали овие „дилови“ ќе успеат да ја подобрат финансиската слика на компанијата? Најверојатно да, затоа што сега договорите не се склучуваат на фиксна цена како за минатата година, кога ЕДС како и други добавувачи беа дури и прнудени да ги раскинуваат договорите затоа што енергијата поскапе толку што ним не им се исплатеше да ја продаваат по цените кои беа претходно договорени. Сепак лани компанијата прокнижи загуба.

Анализираме какви се финансиските показатели на ЕДС

Друштвото оствари нето загуба во 2021 година од 1.017.090.000 денари (16,6 милиони евра), а тековните обврски се поголеми од средствата за 1.013.530.000 (16,5 милиони евра) денари или има негативен нето капитал во износ од 990.442.000 денари (1,5 милиони евра).

Во 2021 година вкупните приходи од продажба изнесуваат 3.802.984.000 денари (61,8 милиони евра) и се поголеми од приходите во 2020 година кога изнесуваат 3.744.022.000 денари (60,9 милиони евра). Сепак трошоците за набавка на струја се драстично зголемени од 3,56 милијарди денари (57,9 милиони евра) на 4,5 милијарди денари (73,2 милиони евра).

Загубата во 2020 година изнесува 230 милиони денари.

ЕДС постои во 2012 година, а во земјава ја основаше и ја поседуваше поранешниот вицепремиер, бизнисменот Кочо Анѓушев.

Во  јули лани грчките газди на ЕДС, соопштија дека вбризгуваат нови 3,7 милиони евра во компанијата во Скопје. Друштвото практично спроведе нова, втора емисија на 370.000 обични акции по пат на приватна понуда за единствениот акционер односно за грчки ППЦ (Public Power Corporation). Грчката компанија стана единствен сопственик на ЕДС во 2018 година кога Анѓушев по потпишувањето на Преспанскиот договор одлучи да им ја продаде заедно со подружниците во Југоисточна Европа за 4,8 милиони евра.

Претходно грчките медиуми пишуваа дека кај ППЦ има голема загриженост за работата на подружницата во Македонија.

Сепак во белешката од друштвото кон финансиските извештаи за лани стои и дека матичното друштво очекува континуитет во работењето и секако идни профити со кои ќе ги надомести загубите. Крајниот сопственик PPC S.A. нема планови да ги прекине или значајно да ги промени оперативните сите или дел од оперативните активности на ЕДС групата и планира да пружа помош ако е потребна.

 

Кои јавни тендери ги доби ЕДС?

Ако ги рангираме по вредност на договорот, трите најголеми кои се објавени на системот на јавни набавки каде огласуваат јавните институции со ЕДС се склучени годинава. Првиот е со Јавното претпријатие  за државни патишта, вториот со град Скопје, третиот со Министерството за одбрана, вреден 3 милиони евра.

Инаку според годишниот извештај на Регулаторната комисија за енергетика, ЕДС е меѓу десетте најголеми трговци со електрична енергија на пазарот на големо во 2021 година во билателарни договори. Но нејзиното учество е мало во споредба со останатите.

Еве кој ја имал доминацијата?

 

(ВИДЕО) Бислимовски: И денеска ќе поевтинат бензините
Суровини

(ВИДЕО) Бислимовски: И денеска ќе поевтинат бензините

Минатата недела имаше тренд на намалување на цената на нафтата, но забрза растот на доларот во однос на денарот и затоа нема да има поголемо намалување, изјави Бислимовски за Bloomberg Adria TV.

18.07.2022

Автор: Ирена Каревска

Сите новости од рубриката Пазари

Пазари

сите новости од рубриката Пазари