text size
Данска компанија која се занимава со тргување на електрична енергија на дневна основа обработува околу 30 милиони податоци во обид да предвиди како облачното време во Шпанија или зголемувањето на температурите во Германија ќе влијае врз цената на струјата во Франција или на некое друго место во Европа. „МФТ Енерџи“ (MFT Energy) и повеќе од десетина трговци на мало се повеќе користат вештачка интелигенција (ВИ) за да го зголемат профитот. Целиот овој процес влијае на крајната цена што домаќинствата и компаниите ја плаќаат за потрошената електрична енергија.