text size
Цената на нафтата продолжи да се движи кон највисокото ниво во последните пет месеци, откако ОПЕК+ потврди дека ќе продолжи со намалување на производството до крајот на јуни. Суровата нафта од типот брент се приближи до 90 долари за барел, откако поскапе за повеќе од два отсто во претходните два дена, додека цената на нафтата вест тексас интермедиејт (ВТИ) беше близу 86 долари.