Суровини

Канцеларот Шолц ја обвинува Русија за фијаското со турбината

Извор: William Wilkes и Michael Nienaber, Bloomberg

03. Август 2022, 12:40

Компонентата за турбината е подготвена, од германска страна нема никакви пречки за испорака

Гаспром наведе дека токму турбината е причината за намелените испораки на гас преку гасоводот

Северен тек во моментов работи со 20 отсто капацитет

Канцеларот Шолц ја обвинува Русија за фијаското со турбината

Bloomberg

Германскиот канцелар Олаф Шолц вели дека Русија е виновна за проблемите со испораката на турбината за клучниот европски гасовод Северен Тек 1.

Компонентата за турбината е подготвена, од германска страна нема никакви пречки, вели Шолц откако Гаспром наведе дека токму таа е причината за намелените испораки на гас преку гасоводот.

„Она што ми е важно е јасно да дадеме до знаење дека оваа турбина е подготвена за акција во било кој момент“, вели Шолц. „Ништо не го спречува транспортот кон Русија“.

Германскиот канцелар отпатува во централата на Сименс Енерџи, фирмата која е производител на турбината. Посетата се случува во време кога Москва го намалува протокот низ Северен тек, а најголемата европска економија зимава се соочува со енергетска криза која може да доведе до рецесија.

Прашањето каде е турбината – предизвика бројни контроверзи во последните недели.

Првично турбината беше испратена во Канада на редовно одржување. Таму беше задржана откако на сила стапија санкциите против Москва заради инвазијата врз Украина. Потоа, Канада направи преседан и дозволи турбината да биде превезена во Германија. Сега таа се наоѓа таму и чека зелено светло од Москва.

Рускиот енергетски гигант Гаспром постепено го намалува протокот на гас наведувајќи дека има технички проблеми и фалат документи за турбината. Последните достави низ гасоводот изнесуваат 20 отсто од капацитетот.

Турбините инсатлирани на постројката на Гаспром во Портоваја на Балтичкиот брег, овозможуваат проток на гас низ 1200 километри подморски цевковод до Германија.

Кога сите турбини ќе бидат оперативни низ Северен тек до европските потрошувачи можат да протекуваат најмалку 55 милијарди метри кубни гас годишно.

„Нема технички причини за намалување на дотокот. Турбината работи“, вели Шолц.

 

Сите новости од рубриката Пазари

Пазари

сите новости од рубриката Пазари