Среброто достигна највисоко ниво во последните децении, а златото скокна на рекорд поради ентузијазмот на инвеститорите за благородните метали.
GOLDS:COM
GOLD SPOT $/OZ
4.070,82 USD
+53,03784375 +1,32%
почетна цена
4.015
претходна цена на затворање
4.017,78515625
промена од почетокот на годината
54,587540483902%
дневен опсег
4.006,48 - 4.078,24
опсег на 52 недели
2.536,92 - 4.078,24
Среброто скокна дури за три отсто, на близу 52 долари за унца, надминувајќи го минатонеделниот максимум, додека златото надмина 4.068 долари за унца, продолжувајќи ја серијата од осум неделни добивки. Платината и паладиумот исто така силно пораснаа.
Bloomberg Mercury
Прочитај повеќе

Кога златото веќе не блеска: Три идеи како да го заштитите портфолиото
Златото со децении беше прва асоцијација за сигурност, но пазарите се менуваат, а со нив и природата на заштитата.
пред 7 часа

Во сенка на златото, а расте повеќе од него – како да инвестирате во сребро?
Среброто е некако во сенка на златото, иако и тоа урива рекорди со цената, дури и со поголем раст.
10.10.2025

Грифин од „Ситадел“: Трката по злато како посигурно средство е загрижувачка
Продолженото затворање на федералната влада и можноста за намалување на каматните стапки помогнаа скапоцениот метал да достигне рекордно високо ниво.
07.10.2025
Скапоцените метали годинава пораснаа, а главната четворка скокна меѓу 50 и 80 проценти во растот што доминираше на пазарите на стоки. Напредокот на златото е поткрепен со купување од страна на централните банки, зголемување на уделите во фондови што се тргуваат на берза и намалување на стапките од страна на Федералните резерви (Фед). Побарувачката за засолништа е потпомогната и од константните трговски тензии меѓу САД и Кина, заканите за независноста на Фед и затворањето на американската влада.
Вчера Кина го повика Вашингтон да ги запре заканите со царини и да се врати на разговорите, предупредувајќи дека ќе возврати доколку САД продолжат со нови мерки. Американскиот претседател Доналд Трамп, кој минатата недела предложи дополнителна царина од 100 проценти за кинеските стоки, зазеде посмирувачки тон во коментарите за време на викендот.
„Токму кога геополитичките и трговските ризици почнаа да се намалуваат, го имаме ова разгорување на тензиите меѓу САД и Кина“, рече Кајл Рода, аналитичар во „Капитал.ком“ (Capital.com). „И покрај отвореноста на двете страни за разговори, трговската нестабилност може да стивне, но никогаш не исчезнува. Тоа е навистина добра работа за златото“.
Загриженоста за недостигот од ликвидност во Лондон го приближи среброто до рекордот од 52,50 долари за унца остварен во 1980 година - поставен на сега непостојниот договор на берзата во Чикаго. Референтните цени во Лондон скокнаа на речиси невидени нивоа над Њујорк, поттикнувајќи некои трговци да резервираат слотови на трансатлантски летови за сребрени прачки - скап начин на транспорт што обично е резервиран за злато - за да профитираат од огромните премии во Лондон.
Трговците исто така остануваат внимателни во пресрет на завршувањето на таканаречената истрага на американската администрација по членот 232 за критични минерали - што вклучува сребро, како и платина и паладиум. Стравувањата дека металите може да бидат зафатени од нови давачки ја влошија напнатоста на пазарот, делумно поставувајќи ги темелите за притисок на среброто по големото намалување на слободно достапните резерви во Лондон.
Во рамките на утринското азиско тргување, спот златото порасна за 1,3 проценти, на 4.068,21 долари за унца. Индексот на доларот на „Блумберг“ малку се промени откако минатата недела доби околу еден отсто. Среброто порасна за 2,8 проценти, над 51 долар за унца. Платината беше близу 1.634 долари за унца, додека паладиумот порасна за 3,6 отсто.