Општо

Накратко од светот: Политички заплет во Франција и во Јужна Кореја

Автор: Bloomberg Adria

4 декември 2024, 09:27

Пратениците во Париз попладнево ќе ја почнат расправата за недоверба на Владата

Во Јужна Кореја пратениците бараат разрешување на претседателот Јун Сук Јеол

Фјучерсите на американските индекси се тргуваат во зелено

Накратко од светот: Политички заплет во Франција и во Јужна Кореја

Depositphotos

Bloomberg Adria

ПОЛИТИКА

Француските пратеници денеска гласаат за недоверба на владата

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика француските пратеници да ги остават настрана своите лични амбиции и да го одбијат гласањето што би ја урнало владата и би ја турнало земјата во политичка криза. Лидерката на крајната десница Марин Ле Пен и нејзината партија Национално обединување ветија дека ќе го поддржат барањето за гласање недоверба поднесено од левичарската коалиција. Пратениците во Париз ќе започнат расправа за недоверба во 16 часот денеска, а гласањето ќе започне веднаш потоа.

Политички превирања ја тресат Јужна Кореја

Народните пратеници на Јужна Кореја повикуваат на разрешување на претседателот Јун Сук Јеол, откако тој ја укина воената состојба само неколку часа откако ја воведе, со образложение дека сака да ги искорени „просевернокорејските сили“ и да го одржи „уставниот поредок“.

Да потсетиме, војската неколку часа престојуваше во парламентот, што не ги спречи народните пратеници да гласаат за блокада на претседателскиот декрет. Неколку илјади граѓани излегоа на плоштадот пред собранието и протестираа барајќи повлекување на одлуката. Народните пратеници бараат разрешување на министерот за одбрана. Ова е првпат откако Јужна Кореја постигна целосна демократија, пред речиси 40 години, претседателот да се повика на вонредна состојба, предизвикувајќи политичка криза со глобални политички импликации.

БЕРЗИ

Европа

Фјучерсите на европските акции се тргуваат мешано додека трговците го очекуваат гласањето за доверба на француската влада, кое ќе се одржи денеска. Францускиот индекс бележи најлоша изведба на годишно ниво во однос на германскиот индекс во повеќе од три децении. Да потсетиме, европските берзи вчерашното тргување го завршија во зелено и покрај политичките потреси. Еврото денеска зајакна во однос на доларот.

САД

Истовремено, фјучерсите на американските индекси се тргуваат во зелено, а инвеститорите се фокусираат на забелешките на Џером Пауел и извештајот за платните списоци, кој ќе биде објавен в петок. Претседателката на Фед во Сан Франциско, Мери Дејли, рече дека намалувањето на стапката месецов не е сигурно, но останува како потенцијална опција. Приносите на десетгодишните државни обврзници се малку променети, откако во претходната сесија пораснаа за три базични поени. Индексот на доларот е стабилен.

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.

Азија

Кога станува збор за акциите во азиско-пацифичкиот регион, тие се тргуваат мешано, бидејќи политичките превирања во Јужна Кореја ги потресоа пазарите. Регионалниот азиски индекс и акциите во Хонгконг се тргуваат со добивки додека акциите во континентална Кина и Јужна Кореја бележат пад. Банката на Кореја соопшти дека ќе ја зголеми краткорочната ликвидност и ќе преземе активни чекори на девизните пазари по потреба за да обезбеди стабилност. Во Кина, централната банка ја зголеми поддршката за јуанот со поставување значително посилна дневна референтна стапка од очекуваната.

НАФТА

Цената на нафтата се стабилизира по најголемиот пораст во повеќе од две недели, бидејќи ОПЕК+ постигна напредок кон договор за одложување на повторното започнување на запреното производство, додека САД воведоа нови санкции за иранската нафта.

Нафтата брент се тргуваше близу 74 долари за барел по скокот од 2,5 отсто во вторникот, додека ВТИ (WTI) беше над 70 долари. Групата производители се сè поблиску до постигнување договор за одложување на планот за заживување на производството за уште три месеци, рекоа некои членови на ОПЕК+. Во меѓувреме, САД санкционираа 35 ентитети и бродови за кои посочија дека одиграле клучна улога во транспортот на иранската нафта.

Bloomberg Mercury
 
Сите новости од рубриката Политика

Политика

сите новости од рубриката Политика

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите