Соединетите Американски Држави бараат да поседуваат 50 отсто од ретките природни минерали во Украина во предлогот што му беше претставен на претседателот Володимир Зеленски како дел од договорот за партнерство меѓу двете земји, објави Ен-Би-Си (NBC).
Американскиот секретар за финансии Скот Бесент му го претставил предлогот на Зеленски во нацрт-договор, кој бил донесен на нивниот состанок во средата, според Ен-Би-Си, кој цитира осум американски претставници кои не ги идентификува. Зеленски не го потпишал документот и рекол дека треба да го проучи и консултира други за него, се вели во извештајот.
Украинската амбасада во Вашингтон и портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа не одговорија веднаш на барањата за коментар од Ен-Би-Си.
Прочитај повеќе

Зеленски вели дека ќе разговара со Русија како дел од планот на Трамп
Украинскиот претседател изјави дека е подготвен да се вклучи во мировната иницијатива на Доналд Трамп и сигнализира подготвеност за директни разговори со Русија.
14.02.2025

Трамп разговарал со Путин за крај на војната во Украина
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во интервју за „Њујорк пост“ изјави дека телефонски разговарал со рускиот колега.
09.02.2025

Путин добива сојузници во Европа во лош момент за Украина
Националистичкиот пресврт во земји како Словачка, Австрија и Хрватска, заедно со Унгарија, ја доведува во прашање поддршката за Украина.
31.01.2025
Администрацијата на Трамп сигнализираше дека очекува Киев да дозволи пристап до неговите природни ресурси, вклучително и критичните минерали, како и да вети дека ќе купува енергија од САД, во замена за нејзината воена и економска поддршка против Русија, која изврши инвазија во 2022 година.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...