Американскиот министер за финансии Скот Бесент ги повика европските држави да бидат подготвени да се приклучат на зголемување на тарифите за Кина и други земји што купуваат руска енергија, со забелешка дека наишол на млак одѕив кога ја изнел идејата на состанокот на Г7 годинава.
Бесент изјави дека санкциите кон Русија „може да се зголемат“ или „да се олеснат“ во зависност од исходот на состанокот закажан за петок меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседателот Владимир Путин. Но, според него, Европејците во секој случај треба да ја поддржат идејата за построги мерки.
„Европејците треба да ни се приклучат во овие санкции“, изјави Бесент во интервју за телевизијата „Блумберг“. „Мора да го сторат тоа“.
Прочитај повеќе

Средбата меѓу Путин и Трамп во Алјаска како ладен туш за ЕУ и Украина
Кога Доналд Трамп потврди дека ќе се сретне со Владимир Путин во Алјаска в петок, на 15 август, за да преговара за крај на војната во Украина, тоа беше голем шок за многу набљудувачи, како и за некои европски лидери.
13.08.2025

Европските лидери бараат состанок со Трамп пред неговата средба со Путин
Трамп и Путин треба да се сретнат в петок на Алјаска
10.08.2025

Цените на гасот во Европа паѓаат пред рокот на Трамп за примирје со Русија
Цената на гасот во Европа благо опадна поради неизвесноста дали САД ќе воведат остри санкции за Русија, сепак трговците внимателно ги следат глобалните ризици.
06.08.2025
„Време е за дела, а не за зборови“, рече Бесент. „Воведовме секундарни тарифи за Индија поради купување руска нафта. И доколку работите не се одвиваат добро, може да дојде до зголемување на санкциите или на секундарните тарифи“.
САД, заедно со европските држави, Јапонија и други земји, воведоа серија санкции против Русија од почетокот на нејзината инвазија врз Украина во февруари 2022 година. Европската Унија во јули го усвои својот 18. пакет санкции против Русија, вклучувајќи и мерки за руската енергија.
Бесент зборуваше за моделот што веќе го применува Трамп, воведувајќи т.н. секундарни тарифи за земјите што купуваат руска енергија. Како пример, Трамп донесе одлука да воведе дополнителна тарифа од 25 отсто на стоки од Индија, што треба да стапи во сила кон крајот на месецов, токму поради купувањето руска енергија од таа земја. Ова е покрај постојната основна тарифа од 25 отсто, со што вкупната царина се зголемува на 50 отсто. Тоа предизвика револт во Делхи.
На неодамнешниот состанок на Г7 во Канада, Бесент изјави: „Ги погледнав сите лидери околу масата и прашав дали секој на оваа маса е подготвен да воведе 200 отсто секундарна тарифа за Кина. А знаете што? Сите повеќе беа заинтересирани какви чевли носат“.
Бесент рече дека Трамп „ќе му стави до знаење на претседателот Путин дека сите опции се на маса“.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...