Добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година е венецуелската активистка Марија Корина Мачадо.
За наградата имаше 338 кандидати од кои 244 се поединци, а 94 се организации. Ова е значително зголемување во споредба со претходната година, кога беа номинирани 286 кандидати. Најголем број номинации имаше во 2016 година, кога имаше 376 кандидати.
Нобеловиот комитет не ги открива имињата на своите номинирани. Понекогаш некое име се појавува во медиумите, или како резултат на шпекулации или затоа што самите номинирани или нивните поддржувачи го објавуваат. Списокот на номинирани за Нобеловата награда за мир се открива дури 50 години по доделувањето, во согласност со статутот на Нобеловата фондација.
Прочитај повеќе

Планот на Трамп во 20 точки за ставање крај на војната во Газа
Новата Газа треба да стане зона без тероризам, со технократска власт, меѓународна стабилизациска сила и економска зона што ќе ги поттикне развојот и мирот.
09.10.2025

Доналд Трамп и агресивната кампања за Нобеловата награда за мир
Претседателот изјави дека тоа би било „голема навреда“ за САД доколку не победи. Во Норвешка стравуваат од одмазда доколку тој биде разочаран.
05.10.2025

Израел и Хамас утре ќе почнат со преговори во Египет
Израел и Хамас се очекува да започнат преговори со посредници в понеделник, со цел да се стави крај на двегодишниот конфликт кој ја опустоши Газа и го дестабилизира Блискиот Исток, откако претседателот на САД, Доналд Трамп, ја поздрави понудата на милитантната група за ослободување на сите заложници.
05.10.2025

Израел ги намалува нападите врз Газа
Израел ја ограничи својата офанзива во Газа во саботата, откако претседателот на САД, Доналд Трамп, ја поздрави понудата на Хамас за ослободување на преостанатите заложници како одговор на неговиот план за ставање крај на речиси двегодишната војна.
04.10.2025
Инаку како што се наближуваше терминот за објавата на годинешниот добитник за Нобеловата награда за мир растеше неизвесноста околу прашањето дали на американскиот претседател Доналд Трамп ќе му се исполни големата желба да се закити со наградата, што секако би било огромно признание за него и би му донело политички поени на домашната и на меѓународната сцена.
Се чинеше дека коцките се редеа во негова корист со оглед на тоа што на неколку дена пред објавата на годинешниот лауерат, Израел и Хамас се договорија за условите за ослободување на сите заложници што ги држи палестинската милитантна група во Газа, што е значаен чекор напред во преговорите посредувани од Соединетите Американски Држави и Катар за ставање крај на нивната двегодишна војна.
„Многу сум горд што можам да објавам дека Израел и Хамас официјално ја одобрија првата фаза од нашиот мировен план“, наведе американскиот претседател Доналд Трамп во објава на социјалните мрежи во средата. „Тоа значи дека СИТЕ заложници ќе бидат ослободени многу скоро, а Израел ќе ги повлече своите трупи до договорената линија како прв чекор кон силен, траен и вечен мир.“
Претходно, Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопштија дека се согласиле околу план во 20 точки за да ѝ се стави крај на војната во Газа. Доколку нема некои изненадувања односно нагли промени во спроведувањето на планот, мирот во Газа би бил голем успех за надворешната политика на САД.
Потврда и од букмејкерите
Драстична промена во коефицинетите за освојување на Нобеловата награда за мир се случи во текот на ноќта во среда (8 октомври), при што британските обложувалници ја намалија цената на Доналд Трамп за освојување на наградата во 2025 година, објави Oddschecker. Досега 76 проценти од сите облози поставени на добитникот на Нобеловата награда за мир во 2025 година го поддржуваат Доналд Трамп за победа. Сега, во обложувалниците фаворити со коефициент 3/1 за освојување на Нобеловата награда за мир во 2025 година се Трамп и Собите за итна реакција на Судан (Sudan's Emergency Response Rooms). Јулија Навалнаја моментално е трет фаворит за освојување на наградата со коефициент 6/1.
Агресивна кампања за Трамп
„Блумберг“ објави дека Доналд Трамп води агресивна јавна и заткулисна кампања за лобирање, која се чини дека се интензивирала во последните денови пред објавувањето на добитникот на 10 октомври. Тој неодамна пред Генералното собрание на Обединетите нации изјави: „Сите велат дека треба да ја добијам Нобеловата награда за мир“, тврдејќи дека тој и САД никогаш не добиле признание за постигнувањето на Аврамските договори, кои ги нормализираа дипломатските односи меѓу Израел и неколку арапски земји, за време на неговиот прв претседателски мандат во 2020 година.
Трамп тврди дека ставил крај на најмалку шест војни — вклучувајќи вооружениот конфликт меѓу Индија и Пакистан во мај, борбите меѓу Демократска Република Конго и бунтовниците поддржани од Руанда, и граничните судири меѓу Тајланд и Камбоџа — откако се вратил во Белата куќа во јануари. Овој успех е оспорен од критичарите кои велат дека конфликтите за кои Трамп си припишува заслуги биле помали по обем, неговата улога била ограничена или се работи за конфликти кои одамна завршиле. Сепак, неговиот специјален пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф — кој е вклучен во напорите за завршување на војната меѓу Русија и Украина и конфликтот во Газа — на состанок на кабинетот во Вашингтон во август изјави дека Нобеловиот комитет треба „конечно да се среди“ и да му ја додели наградата на неговиот шеф.
Претходно, Трамп на собир со високи американски воени лица рече дека не очекува да ја добие наградата: „Ќе ја дадат на некој што не направил ништо.“ Тој изјави дека таков исход би бил „голема навреда за нашата земја“, вршејќи притисок врз комитетот само неколку дена пред да биде објавена одлуката.
Далеку од очите на јавноста, Виткоф ја промовирал кандидатурата на Трамп за Нобеловата награда за мир во приватни разговори со европски колеги, според официјални лица запознаени со случајот кои побарале да останат анонимни поради природата на разговорите. Државниот секретар Марко Рубио исто така бил ангажиран во одредени прилики за да ја поддржи кампањата за наградата.
Поранешни добитници
Наградата за мир датира од 1901 година и се издвојува од глобалните алтернативи делумно поради статусот што го носи, но и поради контроверзиите што ги предизвикува. Таа беше основана според тестаментот на Алфред Нобел, шведскиот пронаоѓач на динамитот, за да се награди личноста која „најмногу или најдобро придонела за братство меѓу народите.“. Нобеловата награда за мир е доделена 105 пати на 142 лауерати помеѓу 1901 и 2024 година, од кои 111 поединци и 31 организација. Меѓународниот комитет на Црвениот крст е три пати награден со Нобелова награда за мир (во 1917, 1944 и 1963 година), а Канцеларијата на Високиот комесар на Обединетите нации за бегалци е двапати наградена со Нобелова награда за мир (во 1954 и 1981 година).
Од наградата во 1973 година за тогашниот државен секретар на САД, Хенри Кисинџер, и Ле Дук То, лидер на северновиетнамските сили, за заедничко договарање на прекин на огнот и завршување на американската улога во Виетнамската војна, до наградата за Барак Обама во 2009 година, која беше доделена само неколку месеци по почетокот на неговиот прв претседателски мандат и претходеше на засилувањето на американските трупи во Авганистан — одлуките често предизвикувале гнев или недоумици.
Понова е наградата за премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед, кој ја доби во 2019 година, а само 12 месеци подоцна беше вовлечен во граѓанска војна во регионот Тиграј, која, според проектот за војната во Тиграј на Универзитетот во Гент, остави стотици илјади мртви.
Кој одлучува?
Според тестаментот на Алфред Нобел, Нобеловата награда за мир ја доделува Норвешкиот Нобелов комитет од 1901 година. Алфред Нобел не дал никакво објаснување зошто наградата за мир треба да ја додели норвешки комитет, додека другите награди треба да ги водат шведски комитети. Норвешкиот Нобелов комитет е составен од пет члена назначени од Стортингот (норвешкиот парламент).
За Нобеловата награда за мир за 2025 година се номинирани 338 кандидати, од кои 244 се поединци, а 94 се организации. Ова е значително зголемување во однос на минатата година кога имаше 286 номинирани. Најголем број номинирани беше во 2016 година, со 376 кандидати.
Нобеловиот комитет не ги потврдува имињата на номинираните, ниту на медиумите ниту на самите кандидати. Има случаи кога имињата на кандидатите се појавуваат во медиумите, или како резултат на чисти шпекулации или затоа што самите поединци известуваат дека номинирале одредени кандидати. Списокот на номинирани за Нобеловата награда за мир се објавува 50 години по доделувањето на наградата, во согласност со статутите на Нобеловата фондација.