text size
БМВ при претставувањето на новата „серија 3“ ги нагласуваше технолошката неутралност и слободата на избор на погон. Истовремено, од својот најважен модел го исфрли дизелскиот мотор. Новата „серија 3“ ќе биде достапна со бензински мотор, како електричен автомобил, а подоцна и како плагин хибрид, додека дизелаш по повеќе од четири децении повеќе нема да има.