text size
На парискиот автомобилски саем, брендот „Експенг“ (XPeng) не претстави само нов спортски теренец, туку и визија за мобилноста на иднината. Компанијата, која со своите амбиции и стратегија сè повеќе се приближува до „Тесла“, развива сопствени чипови за вештачка интелигенција, хуманоидни роботи, системи за автономно возење, па дури и летачки возила. Новиот Г9Л е првиот автомобил на компанијата што обединува голем дел од овие технологии. Со него „Експенг“ сака да им конкурира и на европските премиум производители и на „Тесла“.