text size
„Шанел“, познат по парфемот број 5, јакните од твид и мини-здолништата, во последните месеци доживеа заминување на неколку извршни директори од луксузната модна куќа поради забавувањето на побарувачката за скапоцени производи во таа индустрија. Поранешниот шеф на „Шанел“ за Јапонија им се придружи на директорите на „Шанел“ од САД и од Велика Британија, кои си заминаа две години по почетокот на мандатот на извршната директорка Лина Наир.