„Оура хелт“ (Oura Health Oy), фински производител на паметни прстени, најави поскапа керамичка верзија на својот најнов модел, користејќи материјал поврзан со накит во обид да ја задоволи поголемата женска база на корисници.
Уредот, наречен „оура ринг 4 керамик“ (Oura Ring 4 Ceramic), е поотпорен на пот и гребаници од постојниот „оура ринг 4“ (Oura Ring 4), соопшти компанијата минатата недела. Достапен е во четири бои: светлозелена, бела, розова и темносина. По цена од 499 долари, тој е значително поскап од основната верзија „оура ринг 4“, која чини 349 долари и е изработена од титаниум. Меѓутоа, цената е слична на премиум златната и розово-златната завршна обработка од претходниот модел.
Како и другите уреди на „Оура“, новата верзија бара членство, кое чини 5,99 долари месечно или 69,99 долари годишно.
Прочитај повеќе
Цвета бизнисот со виртуелно вежбање: Како да го одбереме вистинскиот тренер?
Пандемијата засекогаш го промени фитнесот.
13.04.2025

Клиники за долг животен век - колку чини долговечноста?
Дали сакате да живеете подолго, да изгледате помладо и да бидете поздрави?
29.03.2025

Кој сака да живее вечно за цена од два милиона долари
Стареењето и смртта се неизбежни аспекти на животот, барем за повеќето од нас...
11.01.2025

Светот полуде по апликации за здрав живот: Каков е интересот кај нас?
Меѓу најпрофитабилните бизниси во 2024 година се најдоа персонализираните тренинзи и велнес-програми.
24.11.2024

Компанијата исто така го најави својот прв додаток - футрола за полнење од 99 долари и нов инструмент за следење крвни анализи, кој им овозможува на корисниците да нарачаат крвни тестови, да ги прегледаат резултатите директно во апликација и да се консултираат со вештачка интелигенција за прашања поврзани со здравјето. Оваа функција им овозможува да добијат рецепти и лабораториски резултати преку КД (Quest Diagnostics Inc). Понатаму, „Оура“ започна и програма за рециклирање стари уреди.
Партнерството со КД доаѓа по сличен потег на компанијата „Вуп“ (Whoop Inc.), која претходно започна интеграција на резултатите од тестовите на крв за листа од 350.000 лица на чекање.
Прстените „оура“, кои потсетуваат на малку зголемени бурми, станаа популарни последниве години, делумно благодарение на дискретниот дизајн и долгото траење на батеријата. Линијата е особено популарна меѓу жените, кои сочинуваат 60 отсто од корисничката база, наведува компанијата.
Покрај стилот, некои корисници сметаат дека прстените се поудобни од паметните часовници и го ценат тоа што не титкаат ниту вибрираат како часовниците и белезиците.
Лансирањето на новата верзија на прстенот доаѓа една недела по извештајот на „Блумберг“ (Bloomberg) дека „Оура“ собира 875 милиони долари при процена од околу 11 милијарди долари. Таа бројка би била двојно поголема од вредноста на компанијата пред помалку од една година.
Новиот модел е поотпорен на потење и секојдневна употреба, а компанијата вели дека керамичката завршница е помалку подложна на промена на бојата.
Oura Health Oy
На демонстрацијата пред објавата беше наведено дека „оура ринг 4 керамик“ е нешто потежок на прстот, но поставувањето е исто како кај оригиналниот „оура ринг 4“. Понатаму, компанијата наведе дека овој модел подобро поднесува пот и секојдневната употреба, а керамичката завршница е помалку подложна на промена на бојата.
Опционалната футрола за полнење, која овозможува до пет полнења на прстенот пред истата таа да треба да се наполни, е специфична по големина, што значи дека на пример прстен со големина 8 бара футрола со големина 8. (Самиот прстен трае од пет до осум дена без дополнително полнење.) Алуминиумскиот додаток вклучува и индикатор за траењето на батеријата и е компатибилен со претходните верзии на прстените „оура“. Компанијата очекува достапност пред празничната сезона на купување.
„Самсунг галакси ринг“, претставен минатата година, е сличен на прстените „оура“
Nathan Laine/Bloomberg
„Оура“ не е единствената компанија што произведува паметни прстени: „Самсунг“ (Samsung Electronics Co.) минатата година претстави сличен производ. Истовремено, други компании вградуваат сензори за следење на здравјето во уреди што не се паметни часовници, вклучувајќи ги белезицата „вуп“ без екран и високотехнолошкиот прекривка за душек на „Ејт слип“ (Eight Sleep Inc).
Паметните часовници сѐ повеќе нудат функции за велнес што ги бришат границите помеѓу носливите и медицинските уреди. „Епл“ (Apple Inc.) минатиот месец го претстави новиот „епл воч“ (Apple Watch Series 11) по цена од 399 долари, со детекција на хипертензија и резултати за сон – метрика што ја нуди и „Оура“.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...