text size
Пророците од Силициумската Долина малку го менуваат тонот. Барем некои од нив. Не многу одамна технолошките визионери замислуваа розова иднина полна со слободно време и изобилство. Реј Курцвајл, компјутерски научник кого коосновачот на „Гугл“ (Google) Лери Пејџ го ангажирал да го унапреди машинското учење во компанијата, еднаш предвидел ослободување на свеста од „затворот“ на човечкото тело по смртта, која таа потоа се издига во дигитален облак. Денес, највлијателните футуристи од Долината повеќе не продаваат таков оптимизам – во крајна линија, кој би им поверувал?