text size
„Изненадувачки фолклорен/класичен вовед, силна развојна линија на делото до самиот крај, впечатлива кулминација“. Вака претседателката на жирито, саксофонистката Марике ван Дајк, го сумираше извештајот на судиите за композицијата „Lioness“ (Лавица) на еминентниот македонски пијанист, композитор и аранжер Гордан Спасовски, која на почетокот на месецов беше прогласена за најдобра на Меѓународниот натпревар за биг бенд композиција што го организира џез-оркестарот „Милениум“ од Холандија.