text size
Италија, која ја красат убавините на антиката и ренесансата, како и модната индустрија и голем број луксузни туристички дестинации, е сè попопуларна меѓу доларските милионери што се преселуваат во Европа, покажуваат податоците на компанијата „Хенли енд партнерс“ (Henley & Partners), и тоа додека се очекува оваа година бројот на милионери што се преселиле од една во друга земја за првпат да ги надмине бројките од претпандемиската 2019 година.