text size
Иако Американецот Бил Гејтс, еден од најбогатите магнати, со години бара поголемо оданочување на богатите (меѓу кои и самиот), се чини дека европските и некои други земји прават малку повеќе по ова прашање отколку САД. Швајцарците, на пример, гласаа за повисок корпоративен данок во јуни минатата година, а Франција го објави дури неодамна - со привремен период на важност, додека не ги закрепне јавните финансии. Ќе важи за околу 0,3 отсто од домаќинствата (оние чии приходи се поголеми од 500.000 евра годишно).