Проектот НБА Европа (NBA Europe) преминува од концепт во имплементација. Извршниот директор на НБА Европа, Џорџ Аивазоглу, потврди дека целта е лигата да започне во октомври 2027 година, додека комесарот Адам Силвер тој временски рок го нарекува „амбициозен, но реален“ и нагласува дека не сака одложување по 2028 година.
Ова е првпат НБА јавно да го врзе проектот за конкретен датум. Во индустриски контекст, ова би било сигнал за зрелост - штом во спортскиот бизнис се вели „кога“, а не „дали“, процесот преминува во оперативна зона. НБА Европа повеќе не е идеја, туку станува план со временски рамки.
Според моментално познатата структура, НБА Европа ќе има 16 клуба, од кои 12 ќе бидат постојни учесници, додека четири ќе се квалификуваат врз основа на спортските резултати. Едно место доаѓа од Лигата на шампиони на ФИБА, додека преостанатите три им припаѓаат на националните шампионати.
Прочитај повеќе
Рекордни плати и договори - започнува новата НБА-сезона
Новата, 80. НБА-сезона започнува вечерва, а ќе ја отвори актуелниот шампион Оклахома Сити тандер со натпревар против Хјустон рокетс.
21.10.2025
Три децении заработка: Кои се најбогатите спортисти во регионот
Три децении пари во спортот се сведуваат на истото правило: НБА-договорите се на врвот, европскиот фудбал ја пополнува средината на пирамидата, а тенисот со еден исклучок ја нарушува матрицата.
29.10.2025
Зошто осигурувањето на кошаркарите е најголем ризик за репрезентациите?
Богдан Богдановиќ официјално го заврши Евробаскет 2025 поради скинат заден вкрстен лигамент. Кошаркарската асоцијација на Србија објави дека капитенот, во договор со Лос Анџелес клиперс, ќе го продолжи лекувањето во САД.
04.09.2025
Каде е пазарот?
Ова воведува хибриден модел што ги комбинира стабилноста на системот на франшизи и европскиот принцип на спортска меритократија. НБА не го реплицира американскиот систем, туку го приспособува на континент каде што традицијата и отвореноста на спортските натпревари имаат длабока институционална и емоционална вредност.
Градовите формираат јасна мапа на идејата за покривање на најважните пазари: Рим и Милано, Лондон и Манчестер, Париз и Лион, Мадрид и Барселона, Берлин и Минхен, Атина и Истанбул. Ова се пазари со најголем комерцијален капацитет, инфраструктура, спонзорска моќ и глобална достапност. Географијата во овој случај е економска категорија.
Аивазоглу верува дека Европа има спортски пазар од 50 милијарди долари, додека кошаркарските лиги во моментов прават „помалку од 0,5 отсто од тоа“.
Што значи ова за Евролигата и постојниот систем?
За Евролигата ова е најголем стратегиски предизвик во последните 20 години, ракавица фрлена директно во лицето. Натпреварувањето што со години беше врв на европската кошарка сега добива конкурент што доаѓа со глобална правна, медиумска и инвестициска архитектура. Иако НБА официјално вели дека сака коегзистенција, пазарот ретко толерира два врва на пирамидата.
Во практика, инвеститорите, глобалните огласувачи и стриминг-платформите ќе реагираат на скалабилноста, а не на расположението. НБА нуди пристап до американскиот модел на монетизација, паневропските ТВ-пазари и глобалниот публицитет. Евролигата, пак, треба да ја редефинира својата позиција за да ги задржи релевантноста, финансискиот импулс и талентите.
За клубовите од регионот, најреален ефект доаѓа преку базенот на таленти и можноста за квалификациски влез. Постојаните позиции не се во доменот, но моделите на партнерство, развојни патишта за играчите, технолошка соработка и спонзорска синергија вреди да се разгледаат како нова вертикала.
Капитал и комерцијална логика
Иако финансиските детали не се целосно јавни, индустриски извори укажуваат на влезна вредност во опсег од околу 500 милиони долари по клуб, што би ја поставило иницијалната вредност на проектот над осум милијарди долари. Во контекст на европскиот спорт, ова е досега незабележано нивo на капитализација.
Мотивите се јасни, НБА сака европски ударен термин, глобален раст на претплати и пристап до корпоративни буџети што Европа ја третираат како една економија на потрошувачка и вертикална бренд-платформа. Европскиот спорт добива пристап до комерцијалните алатки што НБА ги развива со децении. Од медиумски права до технологија за ангажман на навивачи и спонзорски модели. Лига што има глава и опашка и бизнис како најважна логика.
Стримингот го менува спортот, а спортот станува еден од ретките медиумски производи со гарантирано внимание. НБА влегува во Европа бидејќи побарувачката за премиум спортски содржини расте побрзо отколку кој било друг сегмент на забавната индустрија.
Наредни чекори
НБА Европа повеќе не е проект на хоризонтот. Сега е веќе во календарот. Следниот чекор ќе биде дефиниција на лиценцирањето, календар, сопственички структури и дистрибуција на содржината, теми што директно влијаат на постојаната пирамида на европскиот спорт.
Европската кошарка влегува во фаза во која традицијата останува важна, но капиталот и дистрибуцијата стануваат клучни. Клубовите, федерациите и инвеститорите што ќе ја прифатат оваа реалност порано, ќе бидат добитници. Тие што веруваат дека статус квото има бескраен рок на траење, нема да преживеат. Од 20-те тима што во моментов играат во Евролигата, осум играат во градови на НБА-листата. Што ќе биде со нив е најголемото прашање.