Големи технолошки компании, кредитори, стартапи – сите се заразени од еуфоријата што ја донесе вештачката интелигенција (ВИ), која допрва треба да ги оправда огромните инвестиции во инфраструктура и развој на нови производи и услуги. Доколку вештачката интелигенција потфрли и се покаже дека еуфоријата предизвикала пазарен меур, голем број компании нема да преживеат доколку дојде до нагло пукање. На ваква опасност неодамна предупреди технолошкиот ветеран Џек Селби, основач и управувачки партнер на АЗ-ВЦ (AZ-VC), според кого корекција на вреднувањето на ВИ-стартапите е на повидок.
Тој во интервју за „Блумберг ТВ“ (Bloomberg TV) на конференцијата „Суперритрн“ (SuperReturn) во Сингапур изрази мислење дека потрошувачите се навикнуваат на евтини услуги за вештачка интелигенција и дека ќе дојде време кога ќе мора да се вкалкулираат маржи. Стотици милијарди долари ризичен капитал се влеаја во компании низ светот што сакаат да го изградат следниот трансформативен производ базиран на вештачката интелигенција. Сепак, инвеститорите како Селби предупредуваат дека вреднувањата можеби се превисоки – ако се земе предвид дека маржите сè уште не се достигнати.
Depositphotos
Тој направи споредби со падот на дотком-компаниите пред 25 години, посочувајќи на презаситеност од компании за вештачка интелигенција (големи и мали) низ целата планета. Според него, исто како и тогаш, кога ќе пукне меурот на вештачката интелигенција, „многу, многу“ компании нема да преживеат.
Прочитај повеќе

„Хуавеј“ објави план како ќе ја надмине „Енвидија“ во вештачката интелигенција
Кинескиот гигант има амбициозна тригодишна стратегија за да ја преземе доминацијата во новите технологии...
пред 20 часа

„Енвидија“ и „Опен еј-ај“ со договор од 100 милијарди долари за изградба на дата-центри
Рекорден договор вреден 100 милијарди долари: „Енвидија“ вложува во „Опен еј-ај“ за нови дата-центри и инфраструктура што ќе ја обликува иднината на ВИ.
23.09.2025

Трамп носи во Велика Британија низа ветувања од „Мајкрософт“ и „Опен-еј-ај“
Технолошките гиганти ветуваат над 40 милијарди долари инвестиции во ВИ во Велика Британија
17.09.2025

„Алфабет“ во елитниот клуб – што е потребно една компанија да вреди повеќе од три билиони долари?
„Алфабет“ е четврта компанија во историјата што постигна пазарна капитализација поголема од три билиони долари
16.09.2025

Инфлацијата не ги поколеба инвеститорите на Волстрит – сè уште „јаваат“ на балонот на ВИ
Акциите на „Оракл“ пораснаа за 36 отсто, додавајќи на пазарната капитализација повеќе од 250 милијарди долари по објавувањето рекордни нарачки.
12.09.2025
„Ќе има десетици, ако не и стотици милијарди долари од инвеститори што буквално ќе бидат изгорени“, рече тој.
Селби, кој е исто така долгогодишен директор на семејната канцеларија на милијардерот претприемач Питер Тиел, им се придружува на другите инсајдери во технолошката индустрија во признавањето дека веројатно ги очекува болка инвеститорите во вештачката интелигенција, бидејќи вреднувањата нагло растат, додека напорите за монетизација сè уште се обликуваат.
Во исто време клучните играчи во индустријата признаваат дека веројатно ќе има тешкотии за инвеститорите во вештачката интелигенција. Главниот извршен директор на „Опен еј-ај“, Сем Алтман, неодамна изјави дека гледа паралели помеѓу сегашната инвестициска лудост во вештачката интелигенција и дотком-балонот кон крајот на 1990-тите. Кога дискутираше за процените на стартапите, тој рече: „Некој ќе се изгори таму“. Дополнително, Технолошкиот институт во Масачусетс неодамна објави извештај во кој се наведува дека 95 проценти од генеративните проекти за вештачка интелигенција во корпоративниот свет не успеале да донесат никаква добивка.
Кредиторите ги поттикнуваат бумот и стравовите од меур
Кредитните инвеститори во изминатиов период пласираа милијарди долари во инвестиции во вештачка интелигенција, токму кога раководителите и аналитичарите во индустријата поставуваат прашања за тоа дали новата технологија надувува уште еден меур, објави „Блумберг“.
„ЏП Морган Чејс“ (JPMorgan Chase & Co.) и „Мицубиши фајненшл груп“ (Mitsubishi UFJ Financial Group) дадоа заем од 22 милијарди долари за поддршка на планот на „Вентаџ дејта сентерс“ (Vantage Data Centers) за изградба на масивен кампус на центри за податоци. „Мета“ (Meta Platforms Inc.), матичната компанија на Фејсбук, доби 29 милијарди долари од „Пацифик инвестмент менаџмент“ (Pacific Investment Management Co.) и „Блу овл капитал“ (Blue Owl Capital Inc.) за масивен центар за податоци во рурална Луизијана.
Depositphotos
Доаѓаат уште многу вакви зделки. Само „Опен еј-ај“ (OpenAI) проценува дека со текот на времето ќе бидат потребни билиони долари за да ги потроши на инфраструктурата потребна за развој и водење услуги за вештачка интелигенција.
Раното градење на инфраструктурата потребна за обука и напојување на најнапредните модели на вештачка интелигенција беше во голема мера финансирано од самите компании за вештачка интелигенција, вклучувајќи ги и технолошките гиганти како „Алфабет“ и „Мета“. Многу големи технолошки компании - таканаречените хиперскејлери на вештачката интелигенција - плаќаа за нова инфраструктура со позлатен корпоративен долг, кој веројатно е безбеден поради постојните парични текови што ги имаат со кои го обезбедуваат долгот, според неодамнешната анализа на „Блумберг интелиџенс“ (Bloomberg Intelligence).
Сепак, од неодамна, парите сè повеќе доаѓаат од инвеститори во обврзници и приватни кредитори. Изложеноста тука доаѓа во многу форми и големини, со различен степен на ризик.
Евентаулна рецесија најреална опасност
Аналитичарите на „Блумберг Адрија“ неодамна направија споредба на резултатите на „Циско“ (Cisco) во времето на дотком-балонот и на „Енвидија“ (Nvidia), компанија чии чипови се основа за развој на вештачката интелигенција. Тие укажаа дека побарувачката за чипови на „Енвидија“ ја надминува понудата, а трендот на пазарот е во поддршка на високата побарувачка. Компанијата е водечки производител на графички процесори, кои се неопходни за дефинирање на вештачката интелигенција, т.е. машинско учење (AI/ML), и тоа е главната причина за нивната инсталација во серверите на центрите за податоци. Индустријата за видеоигри не треба да се занемари.
„Циско“ беше најголемата компанија во светот во март 2000 година. Таа произведуваше прекинувачи и рутери што се неопходни покрај каблите за поврзување на интернет.
Во однос на сличноста наспроти разликите помеѓу трендот на вештачка интелигенција и дотком-балонот, аналитичарите посочуваат дека дотком-балонот беше поттикнат од евалуацијата на релативно нови бизнис-модели, претставени од дебитанти на пазарот. Во трендот на вештачка интелигенција, растот на цените е првенствено кај големите технолошки акции без долг со „зрел“ и докажан бизнис-модел.
„Пазарните индикатори кај ’Енвидија‘ се подобруваат, додека кај ’Циско‘ беше спротивното“, наведуваат аналитичарите.
Според нив, клучната разлика е во постигнатиот раст на приходите, „Циско“ имаше сложена годишна стапка на раст на приходите (CAGR) од 25 проценти во периодот од 1998 до 2001 година. Кај „Енвидија“, CAGR во периодот од 2023 до изминативе 12 месеци е 57 проценти. Дополнително, „Енвидија“ ја зајакнува својата профитабилност: маржа на профит 49 проценти во 2023 година, а во 2024 година маржа од 55 проценти. Планот за 2025 година е профит од 110 милијарди американски долари со маржа од 53 проценти. Кај „Циско“, маржата од околу 20 проценти е константна до ден-денес.
„Еуфоријата околу акциите на ’Енвидија‘ и вештачката интелигенција не е сосема споредлива со дотком-балонот, ниту со ’Циско‘. Единствената закана што ја гледаме е рецесија, која би можела да го намали обемот на нарачки за чипови со вештачка интелигенција и да ја олади пазарната еуфорија“, сметаат нашите аналитичари.
Со помош на Хаслинда Амин, Оливија По, Јосјана Џошуа и Оливија Фишлоу/Блумберг
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...