„Енвидија“ (Nvidia Corp.) се согласи на договор за лиценцирање со стартапот за вештачка интелигенција „Грок“ (Groq), продолжувајќи ги своите инвестиции во компании поврзани со бумот на вештачката интелигенција (ВИ) и добивајќи го правото да додаде нов вид технологија во своите производи.
Најголемата јавно тргувана компанија во светот плати за правото да ја користи технологијата на „Грок“ и ќе го интегрира дизајнот на нејзиниот чип во идните производи. Некои од раководителите на стартапот преминуваат во „Енвидија“ за да помогнат во тој напор, соопштија компаниите. „Грок“ ќе продолжи како независна компанија со нов извршен директор, соопшти вчера компанијата во објава на својата интернет-страница.
Технологијата на „Енвидија“ веќе доминира во центрите за податоци што се во фокусот на експлозивното трошење за нови компјутери потребни за софтвер и услуги за вештачка интелигенција. Популарноста на нејзините постојни понуди ја направи „Енвидија“ убедливо најбогатата компанија во индустријата за чипови, а менаџментот соопшти дека ќе искористи дел од тие пари за да го унапреди воведувањето на ВИ во целата економија.
Прочитај повеќе
ВИ-стартапот „Митик“ собра 125 милиони долари за да ѝ конкурира на „Енвидија“
Стартапот за чипови „Митик“ собра 125 милиони долари во нова рунда на финансирање, пари што ќе помогнат оваа компанија да ја предизвика „Енвидија“ на профитабилниот пазар за процесори за ВИ.
17.12.2025
„Енвидија“ доби одобрение од Трамп за продажба на чиповите H200 во Кина
Со дозволата за продажба на H200 во Кина, Трамп ѝ отвори пат на „Енвидија“ до милијарди долари изгубени приходи, а наедно го разниша режимот на строги извозни контроли.
09.12.2025
Акциите на „Енвидија“ тонат, тоа што расте се сомнежите за нејзината доминација со ВИ
Акциите на производителот на чипови вчера паднаа за 2,6 проценти по објавениот извештај.
26.11.2025
Акциите на „Енвидија“ паѓаат по најавите дека „Гугл“ подготвува нов предизвик со ВИ-чиповите
Плановите на „Мета“ да користи тензорски чипови од „Гугл“ би можеле значително да ја разнишаат водечката позиција на „Енвидија“ во ВИ-пазарот, каде што досега имаше речиси монопол.
25.11.2025
„Грок“ е меѓу стартапите и компаниите како „Гугл“ (Google) на „Алфабет“ (Alphabet Inc.) што развиваат свои чипови за ВИ за да се натпреваруваат со „Енвидија“. Стартапот, кој беше основан во 2016 година, собра 750 милиони долари со процена од 6,9 милијарди долари по финансирањето во септември. Во тоа време „Грок“ изјави дека ќе ги искористи средствата за проширување на капацитетот на својот центар за податоци. Неговиот бизнис со центри за податоци, кој нуди аутсорсинг на компјутери, ќе продолжи, соопшти компанијата.
Главниот извршен директор на „Грок“, Џонатан Рос, е поранешен извршен директор за чипови на „Гугл“, кој помогна во основањето на „Тенсор процесинг јунит“ (Tensor Processing Unit) или ТПУ (TPU) на таа компанија, која ги напојува работните оптоварувања со вештачка интелигенција. Како дел од договорот, тој и други врвни раководители ќе ѝ се приклучат на „Енвидија“ „за да помогнат во унапредувањето и скалирањето на лиценцираната технологија“, посочија од „Грок“ во соопштението.
Инаку, не се објавени финансиски детали.
Чиповите со ниска латенција на „Грок“ се исклучително приспособливи на влезните податоци, па ќе додадат нови можности на производите на „Енвидија“ и ќе отворат нови области на пазарот, соопштија од „Енвидија“. Под водство на главниот извршен директор Џенсен Хуанг, производителот на чипови додаде многу нови понуди насочени кон зацврстување на својата позиција и зголемување на брзината со која компаниите наоѓаат употреба на ВИ-софтвери. Компанијата сега продава вмрежување, софтвер и услуги, како и комплетни компјутери.
Договорот за лиценцирање во некои аспекти е сличен на партнерството што „Мета платформс“ (Meta Platforms Inc.) го постигна со стартапот за означување податоци „Скејл еј-ај“ (Scale AI), во кое големата технолошка компанија направи значителна инвестиција во помалата фирма, лиценцира технологија и го ангажира нејзиниот извршен директор.
„Енвидија“ инвестира во компании низ екосистемот за ВИ-инфраструктура и се обидува да го задржи големото водство на пазарот. Раководството на компанијата веќе вети милијарди долари за широк спектар на проекти, за кои верува дека ќе ја унапредат целокупната ВИ-индустрија. „Енвидија“ се согласи да инвестира дури 100 милијарди долари во „Опен еј-ај“ (OpenAI) и дури купи удел во некогашниот непријател „Интел“ (Intel Corp).
Со вклучувањето нов вид дизајн во тоа што го продава, „Енвидија“ покажува подготвеност да биде флексибилна и да додаде нови можности. Тој пристап веројатно има цел да го задржи фокусот на своите најголеми клиенти и нови корисници на својата технологија во време кога се интензивираат внатрешните напори од „Гугл“, „Мајкрософт“ (Microsoft Corp.) и „Амазон“ (Amazon.com Inc.), додека индустријата се стреми да инсталира што е можно побрзо поголем компјутерски капацитет.