АСМЛ (ASML Holding NV) и ТСМЦ (Taiwan Semiconductor Manufacturing Co.) имаат начини да ги оневозможат најсофистицираните машини за производство на чипови во светот во случај Кина да го нападне Тајван, според луѓе запознаени со ова прашање.
Официјални лица од американската влада приватно изразиле загриженост и до нивните холандски и до тајвански колегите за тоа што ќе се случи ако кинеската агресија ескалира во напад на островот одговорен за производство на повеќето напредни светски полупроводници, рекоа два извора, говорејќи под услов за анонимност.
АСМЛ ги уверила официјалните лица за способноста на компанијата далечински да ги оневозможи машините кога холандската влада се сретнала со претставници на компанијата за да разговараат за заканата, рекоа други два извора. Холандија спровела симулации за можна инвазија со цел подобро да ги процени ризиците, додаваат тие.
Прочитај повеќе

„Хуавеј“ со новите чипови го стигнува „Епл“ на кинескиот пазар
Најновите паметни телефони на „Хуавеј“ имаат надградена верзија на процесори произведени во Кина.
26.04.2024

САД работат на нови санкции за тајната мрежа на „Хуавеј“
Администрацијата на Бајден размислува да стави на црна листа голем број кинески фирми за полупроводници поврзани со „Хуавеј“.
20.03.2024

Кина со фонд за чипови од 27 милијарди долари ќе им се спротивстави на санкциите од САД
Кина е во процес на собирање повеќе од 27 милијарди долари за својот најголем фонд за чипови досега.
08.03.2024

ТСМЦ постигна рекорд поттикнат од вештачката интелигенција
Акциите на најголемиот светски производител на чипови скокнаа за 5,2 отсто.
04.03.2024

Кинезите лани вложиле 40 милијарди долари во опрема за производство на чипови
Минатата година Кина значително го зголеми увозот на компоненти потребни за производство на чипови во обид да се бори против американските санкции.
22.01.2024

„Хуавеј“ гради тајни фабрики за чипови, тврди американско трговско здружение
Водечка асоцијација на светски производители на чипови предупредува дека „Хуавеј“ гради низа тајни фабрики за полупроводници низ Кина.
28.08.2023
Портпаролите на АСМЛ, ТСМЦ и на холандското министерство за трговија одбија да коментираат. Портпаролите на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Министерството за одбрана на САД и на Министерството за трговија на САД не одговорија на барањата за коментар испратени преку е-пошта.
Далечинското исклучување се однесува на линијата на екстремно ултравиолетови машини на АСМЛ со седиште во Холандија, познати во индустријата како EUVs, за кои ТСМЦ е нејзиниот единствен најголем клиент. Овие машини користат светлосни бранови со висока фреквенција за да ги испечатат најмалите транзистори за микрочипови што постојат - создавајќи чипови што се применуваат во сферата на вештачката интелигенција, а имаат и почувствителни воени апликации.
Со големина на градски автобус, една машина бара редовно сервисирање и ажурирање. Како дел од тоа, компанијата може од далечина да присили исклучување, што би дејствувало како автоматски прекинувач, рекоа извори што побараа да останат анонимни. Компанијата со седиште во Велдховен е единствениот светски производител на овие машини, кои се продаваат за повеќе од 200 милиони евра (217 милиони долари) по парче.
Технологијата на АСМЛ долго време е предмет на владини интервенции за да се спречи да падне во погрешни раце. Холандија ѝ забранува на компанијата да продава вакви машини во Кина, на пример, поради стравувањата на САД дека би можеле да му дадат предност на ривалот во глобалната војна со чипови.
Токму по налог на САД, Холанѓаните годинава почнаа да го стопираат извозот на следните најсофистицирани машини за производство на чипови на АСМЛ. Дури и пред да стапи во сила таа забрана, американските власти побараа од АСМЛ да откаже некои претходно закажани пратки до кинески клиенти, објави „Блумберг њуз“ (Bloomberg News).
Компанијата очекува дека дури 15 отсто од годинешната продажба во Кина ќе биде засегната од најновите мерки за контрола на извозот.
Повеќе детали прочитајте на овој линк.