text size
Европската Унија е блиску до договор што треба да прерасне во најсеопфатно регулирање на вештачката интелигенција (ВИ) во западниот свет. Преговарачите се согласија на збир на контролни мерки врз алатките за генеративна вештачка интелигенција, како што се ЧетГПТ на „Опен еј-ај“ (OpenAI Inc.) и Бард на „Гугл“ (Google) - кои се способни за продукција на содржина по команда, велат упатени извори.