text size
Протерувањето и брзото враќање на Сем Алтман на позицијата лидер на „Опен еј-ај“, стартапот за вештачка интелигенција што тој го коосноваше, беше кулминација на долготрајниот судир на светогледи што беше маскиран со неверојатниот успех на компанијата. Од една страна беа комерцијалните амбиции на Алтман и главниот партнер на „Опен еј-ај“ (OpenAI), „Мајкрософт“ (Microsoft Corp). Од друга беа членовите на одборот кои се загрижени дека вештачката интелигенција еден ден може да го избрише човештвото. Таа грижа е двигател на движењето на ефективниот алтруизам, кое стана влијателна сила во Силициумската долина и индустријата за вештачка интелигенција.