Semiconductor Manufacturing International Corp. (SMIC) веројатно ја унапредил својата производствена технологија за две генерации, пркосејќи им на американските санкции наменети да го запрат подемот на најголемиот кинески производител на чипови.
Производителот со седиште во Шангај испорачува полупроводници за копање на криптовалути, направени со технологија од 7 нанометри, пишува набљудувачот на индустријата TechInsights во објава од вторникот.
Тоа е далеку пред воспоставената 14-нанометарска технологија на SMIC, што е мерка за сложеноста на изработката, во која потесните транзистори помагаат да се произведуваат побрзи и поефикасни чипови. Од крајот на 2020 година, САД ги забранија нелиценцираните продажби кон кинеската фирма, за опрема што може да се користи за производство на полупроводници од 10 нанометри и пошироко, што го налути Пекинг.
Извор запознаен со случувањата го потврди извештајот, барајќи да остане анонимен бидејќи не се овластен јавно да зборува на темеата. SMIC се искачи за 1,9 отсто во Хонгконг, додека кинеските акции за чипови и опрема за чипови, вклучувајќи ги Shanghai Fudan Microelectronics Group Co., Naura Technology Group Co. и Advanced Micro-Fabrication Equipment Inc. добија повеќе од 5 отсто.
Изненадувачкиот напредок на SMIC покренува прашања за тоа колку е ефикасен механизмот за контрола на извозот и дали Вашингтон навистина може да ја попречи кинеската амбиција да развие сопствена индустрија за чипови од светска класа и да ја намали зависноста од странски технологии. Ова, исто така, доаѓа во време кога американските законодавци го повикаа Вашингтон да ги затвори дупките во ограничувањата кон Кина и да се погрижи Пекинг да не ја снабдува Русија со клучна технологија.
Ограничувањата ефективно го попречија бизнисот со паметни телефони на Huawei Technologies Co., отсекувајќи го од алатките за да се натпреварува на полето на најсовремената технологија, но таа компанија сега тивко ги обновува напорите за сопствено производство на чипови.
Претходно, SMIC соопшти дека неговите тековни основни капацитети се на 14 нанометри, две генерации зад 7 нанометри, што пак е приближно четири години зад најнапредната технологија достапна во моментот од Taiwan Semiconductor Manufacturing Co. и Samsung Electronics Co.
„Компанијата работеше со клиенти на технологии понапредни од 14 нанометри уште во 2020 година“, се вели извештајот за заработката од таа година.
Кинеската MinerVa Semiconductor Corp., која е именувана како клиент на SMIC во извештајот на TechInsights, прикажува чип од 7 нанометри на својата веб-страница со известување дека масовното производство почнало во јули 2021 година, без да се прецизира производителот.
Дилан Пател, главен аналитичар во SemiAnalysis, е првиот што го забележал извештајот.
Претставниците на SMIC и MinerVa не одговорија веднаш на барањата за коментар.