Ракетата „Њу Глен“ (New Glenn) на американската вселенска компанија „Блу ориџин“ (Blue Origin) денеска е лансирана во орбитата на Земјата. Тоа е најголемата ракета што компанијата на Џеф Безос ја испрати во вселената, што ја прави конкурент на „Спејс екс“ (SpaceX) на Илон Маск.
Ракетата е висока 98 метри, што е приближно споредливо со зграда од 30 ката. Оваа инаугурациска мисија се очекува да трае шест часа, а станува збор за мисија без екипаж.
Ракетата успешно полета во 2.03 часот по локално време од вселенската станица Кејп Канаверал на Флорида и покрај тоа што временските услови не беа идеални. Првиот лет на моќната ракета се очекуваше со години и неколкупати се одложуваше. Лансирањето последен пат беше одложено во понеделникот, поради неодреден технички проблем со леталото.
Прочитај повеќе
Италијанската влада дава 1,5 милијарди евра за сателитските услуги на Маск
Преговорите се во тек, а конечна спогодба за петгодишниот договор сè уште не е постигната.
06.01.2025
Маск почна да воведува ред во политиката и во Велика Британија
Илон Маск ги критикува британските власти за скандалот со сексуална злоупотреба на деца, а британците велат дека неговите објави се „смешни“ и „срамни“
05.01.2025
Рецептот на канцеларот Шолц против нападите од Маск: „Останете кул“
Германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека неодамнешните напади на Илон Маск немаат влијаат врз него или врз демократијата на нацијата.
04.01.2025
„Старлинк“ на Маск од вселената ќе обезбеди мобилни услуги во Украина
„Киевстар“, најголемиот мобилен оператор во Украина, потпиша договор со „Старлинк“ на Илон Маск за воведување сателитски мобилни услуги.
30.12.2024
Откако ги освои орбитата и Трамп, Илон Маск тргна во поход во Германија
Зошто зафатениот милијардер Маск се занимава со политичката состојба во Германија и какво ќе биде неговото влијание врз електоратот во најголемата европска економска сила?
24.12.2024
Кина се труди да го стигне Илон Маск во вселената
Претседателот Шји Џјинпинг сака од Кина да создаде вселенска сила, но предноста на „Спејс екс“ на Маск е сѐ уште преголема.
25.12.2024
„Го откажуваме денешниот обид за лансирање за да го решиме проблемот со потсистемот на вселенското летало, што го одложува планираниот временски период за лансирање“, пишуваше во соопштението на „Блу ориџин“ во понеделникот.
Иако компанијата веќе неколку години носи туристи во вселената со својата ракета „Њу Шепард“ (New Shepard), таа сѐ уште не извела ниту еден орбитален лет, пишува ХРТ (HRT).
Но, сега, со многу помоќната „Њу Глен“ планира да се пробие на новиот пазар, на пазарот за лансирање комерцијални и воени сателити во орбитата, како и вселенски летала и астронаути. Доколку ова лансирање биде целосно успешно, уште годинава се очекуваат натамошни летови на „Њу Глен“, со оглед на тоа што ракетата може неколкукратно да се користи. Компанијата, наводно, веќе потпишала договори со неколку клиенти, вклучувајќи ги и американската вселенска агенција, која ќе ја користи за беспилотна мисија на Марс, и американската влада, која ќе ја користи за мисии за национална безбедност.
Успешното лансирање ја смести компанијата во елитниот круг на американски компании што можат да испраќаат сателити во орбитата и го отвори патот за „Блу ориџин“ да ја запре доминацијата на „Спејс екс“ на Илон Маск.
Имено, компанијата на Маск моментално доминира на пазарот со своите ракети „Фалкон 9“ (Falcon 9) и „Фалкон хеви“ (Falcon Heavy). На „Фалкон 9“ на крајот на минатата година беше лансиран и првиот хрватски сателит „Кро кјуб“ (CroCube) во вселената, што го означи влезот на Хрватска во ерата на вселенската технологија. Маск работи и на развој на нова, најголема ракета воопшто. Мегаракетата „Старшип“ (Starship) наводно деновиве треба да го изврши својот седми пробен лет доколку временските услови го дозволуваат тоа.