Иновации

Четвртина Американци велат дека следното возило ќе им биде на струја

Извор: Keith Naughton/Bloomberg

17. Јули 2022, 12:07

Милениумците најмногу сакаат да го електрифицираат својот превоз

Интересот е поттикнат од желбата да се заштеди на трошоците за гориво

Четвртина Американци велат дека следното возило ќе им биде на струја

Bloomberg

Една четвртина од анкетираните Американци велат дека планираат да купат електрично возило (EV) како нивни следен автомобил, бидејќи цените на бензинот достигнаа рекордно ниво.

Милениумците најмногу сакаат да го електрифицираат својот превоз, па 30 отсто од нив велат дека планираат да купат електричен автомобил следниот пат, според истражувањето на Американската автомобилска асоцијација (ААА). Од оние кои сакаат да купат возило со приклучок, 77 отсто рекле дека нивниот интерес е поттикнат од желбата да се заштеди на трошоците за гориво.

Последен пат кога организацијата го процени интересот на Американците за електрични возила во 2019 година, 16 отсто се изјасниле дека веројатно ќе купат едно. Меѓутоа, овие две студии користеле различни методологии.

Bloomberg
 

Потрошувачите не реагираат строго импулсивно - само 3,2 отсто од продажбата на возила во САД во 2021 година биле електрични, според истражувачите од Cox Automotive. Во 2019, пак, бројот на достапни електрични модели беше многу ограничен. Но, нивото на интерес пријавено во истражувањето сугерира дека возилата на струја добиваат на интензитет. Продажбата може да биде зголемена и од фактот дека сега има многу повеќе EV опции, бидејќи производителите на автомобили инвестираа повеќе од 500 милијарди долари за да донесат нови модели на пазарот.

Цените на бензинот во САД минатиот месец достигнаа рекордно високо ниво од 5,02 долари за галон и оттогаш паднаа на просечните 4,66 долари, што е за 1,51 долар за галон повеќе од пред една година, според ААА.

„Порастот на цените на бензинот во изминатите шест месеци ги поттикна потрошувачите да размислуваат да се префрлат на струја, особено помладата генерација“, рече Грег Бренон, директор за автомобилски инженеринг и индустриски односи во ААА. „Тие бараат начини за да штедат“, додава тој.

Сепак, потрошувачите сè уште не се целосно убедени: мнозинството во истражувањето изразило загриженост за цената на електричните возила и достапноста на станици за полнење.

ААА соопшти дека во февруари анкетирала 1.051 американски возач преку интернет и телефонски. Студијата има маргина на грешка од четири отсто.

Сите новости од рубриката Технологија

Технологија

сите новости од рубриката Технологија