text size
Од нашата последна анализа на пазарите на Централна Азија (Зошто Казахастан и Узбекистан се нови ѕвезди на пазарот на капитал? | Блумберг Адрија), објавена во март, казахстанскиот индекс порасна за нешто повеќе од четири проценти, додека узбекистанскиот UCI се зголеми за повеќе од двојно, со раст од дури 101 проценти. Во меѓувреме, регионот се врати во центарот на глобалното внимание по самитот на Шангајската организација за соработка (SCO) во главниот град на Киргистан, Бишкек, на кој се собраа лидерите на најголемите евроазиски економии, вклучувајќи ги Кина, Русија, Индија, Казахстан и Узбекистан.