text size
Вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ), во вториот квартал на 2023 година изнесуваат 196,8 милијарди денари (3,2 милијарди евра) денари и се зголемени за 8,9 милијарди денари (145 милиони евра), на квартално ниво, покажуваат податоците на Народната банка. Останатите финансиски институции учествуваат со 19,3 проценти во средствата на финансиските институции.