text size
„Ер Индија“ (Air India Ltd) потпиша договори со „Ербас“ (Airbus SE) и „Боинг“ (Boeing Co) за нешто што може да стане најголемото купување авиони во историјата на комерцијалната авијација, бидејќи превозникот се обидува повторно да создаде флота со ефикасна потрошувачка на гориво што може да им се спротивстави на локалните евтини ривали и моќни авиокомпании од Персискиот Залив, како „Емирејтс“ (Emirates).