text size
Континуирано намалување на бројот на деловни единици во банкарската мрежа во Македонија има во изминатиов период и лани тој се сведе на 382 филијали, експозитури и седишта, што е најниско ниво досега. Според податоците на Народната банка, број на деловни единици лани е намален за 6 единици, а ваквата промена е рамномерна во сите плански региони во земјата.