text size
На средина сезоната на летни одмори, по европските аеродроми метеж, нервозни патници, изгубен багаж. Летовите секојдевно доцнат или се откажани заради недостиг на персонал, но и заради штрајковите за поголеми плати. За два дена, вчера и завчера, беа откажани близу 4.500 летови низ светот, според порталот FlightAwere. Доцнеа над 38.000 летови. Во Европа најмногу откажани летови има скандинавската авиокомпанија САС која минатата недела поднесе барање за стечај во САД по втор пат во последните две години.