text size
Да поставите фотоволтаци на кровот во Македонија е макотрпна процедура, целата постапка за собирање дозволи трае половина година, а потоа потребни се уште неколку месеци за да се заврши регистрацијата во Регулаторната комисија за енергетика. Во услови кога цената на струјата за зимските месеци се доближува кон 500 евра за мегават час, бизнисот бара Владата да излезе во пресрет на компаниите кои сакаат да инвестираат во фотоволтаици за сопствени потреби.