Акциите на „Адико банка“ скокнаа за пет отсто во Виена откако „Нова љубљанска банка“ (НЛБ) објави дека има намера да даде понуда за преземање на акциите на банката.
Во соопштението наведоа дека размислуваат за понуда од 20 евра по акција, а вредноста на акцијата во 9.35 часот скокна на 20 евра. На затворањето на берзата во средата, 15 мај, вредеше 19,50 евра.
Прочитај повеќе
НЛБ објави понуда за преземање на акциите на „Адико банка“
НЛБ моментално не поседува акции на „Адико“ и има намера да стекне значителен мнозински удел во „Адико“.
16.05.2024
И „Агри“ на Миодраг Костиќ објави понуда за 17 отсто од „Адико банка“
Две понуди за преземање на „Адико банка“ во еден ден
16.05.2024
НЛБ додаде дека понудената цена на акцијата од 20 евра претставува „многу атрактивен и редок настан за ликвидност за сите акционери на ’Адико’ да излезат и да ги продадат сите свои акции во ’Адико’. Понудената цена на акцијата подразбира премија од 22,15 отсто наспроти шестмесечната просечна цена на акцијата од 16,37 евра.
Како што се наведува во соопштението на НЛБ од средата, целта е „да се стекне контрола над ’Адико’ за сите издадени и отворени акции“, односно за сите расположливи акции на берзата што сопствениците се подготвени да ги продадат.
И „Агри Европа“ на Миодраг Костиќ објави понуда за преземање на 17 отсто од акциите во „Адико банка“ (чие седиште е во Виена), по цена од 16,24 евра по акција по исплатата на дивидендата.
Како што претходно објави „Блумберг Адрија“, двајца српски бизнисмени се натпреваруваат за купување на акциите на оваа австриска банка: Миодраг Костиќ преку „Агри Европа“ и Давор Мацура, кој раководи со „Алта пеј“.