text size
Пари, подароци, вработувања, унапредувања и донации за политички партии се најчестите барања за мито од функционери на централната и локалната власт побарани од македонските компании во 2023 година, покажуваат резултатите од анкетата што ја спроведе Стопанската комора на Македонија. Повеќето компании не го пријавуваат тоа, едни сметаат дека ќе пропаднат, а други не веруваат дека ќе има каков било ефект.