Компании

Возилата од 'Ферари' стануваат уште поскапи

Извор: Daniele Lepido/Bloomberg

03. Август 2022, 09:27

Возилата од 'Ферари' стануваат уште поскапи

Bloomberg

Чувството на инфлацијата допира и до „Ферари“ (Ferrari).

Производителот на моделот Portofino од 215.000 евра и Monza од 1,6 милиони евра ќе ги зголеми цените во првиот квартал од следната година, изјави во вторникот извршниот директор, Бенедето Виња.

„Ферари“ ги зголеми прогнозите за приходите за целата година, приспособената заработка и слободните парични текови бидејќи силната побарувачка помага да се надоместат повисоките трошоци што го погодија производителот од Маранело, Италија. Виња соопшти дека компанијата резервира нарачки од клиенти кои ќе ја преземат испораката по 2023, предупредувајќи дека растот на испораките се очекува да забави во текот на следната година.

„Ферари“ се врти кон електрични возила за да ја претвори својата историска фабрика во северна Италија во центар за автомобили на батерии. Трансформацијата покажува како дури и најчистите производители на мотори со внатрешно согорување ја прифаќаат електричната иднина.

Три хибридни модели учествуваа со околу 17 отсто од вкупните испораки на „Ферари“ во вториот квартал. Компанијата на почетокот на септември ќе го претстави своето прво теренско возило (SUV), Purosangue, чии испораки ќе започнат на почетокот на следната година.

Сите новости од рубриката Бизнис

Бизнис

сите новости од рубриката Бизнис