text size
Државата им должи на фирмите речиси 200 милиони евра. Податоците ги објави Министерството за финансии и се однесуваат на првата половина од оваа година. Обврските на државата кон фирмите растат цела година, а лани во истиот период биле 146 милиони евра што значи само за една година долгот на државата кон фирмите се зголемил за над 50 милиони евра.