Тикток им нуди на корисниците стотици долари за да поминуваат време на апликацијата, да ги канат пријателите да се придружат на социјалната мрежа и да купуваат производи на „Тикток шоп“ (TikTok Shop), во обид платформата да го прошири бизнисот што е можно побрзо пред можната забрана во САД.
Корисниците на Тикток неодамна почнаа да гледаат нова „понуда со ограничено време“, која се компензира во форма на кредити за во е-продавницата „Тикток шоп“. Промоциите се појавуваат во делот „За тебе“ (For you) на страницата Тиктокерс (TikTokers), главниот ѕид со објави што корисниците го гледаат кога ќе ја отворат апликацијата.
Корисниците може да заработат 50 долари за регрутирање луѓе што првпат ќе се најават на Тикток и отклучуваат дополнителни 350 долари во бонуси доколку донесат повеќе нови корисници на социјалната мрежа. Тие исто така може да заработат пари со секојдневно пријавување на апликацијата во текот на една недела и со прегледување најмалку десет понуди на „Тикток шоп“, и тоа пет пати неделно. Тие што ќе кликнат на понудите може да добијат дополнителни 80 долари во купони што ќе може да ги трошат откако прво ќе купат нешто на „Тикток шоп“.
Прочитај повеќе
Тикток продолжува да создава проблеми и покрај скандалите и милионските казни
Најновиот Тикток предизвик прати во болница десетици деца и тинејџери во Македонија, Романија, Грција, Белгија, Израел и други земји
08.12.2024
МВР: Лажни советници за крипто вршат измами преку социјалните мрежи
Преку социјалните мрежи се претставуваат како „финансиски советници“ и најчесто нудат услуги за тргување со крипто.
16.11.2024
Австралија ќе ги забрани социјалните мрежи за деца под 16 години
Иницијативата е дел од напорите за заштита на менталното здравје на младите.
07.11.2024
Животот по смртта на социјалните мрежи: Што се случува со вашите профили?
Иако не знаеме што се случува по смртта, живот по смртта сигурно постои - барем кога станува збор за социјалните мрежи.
31.10.2024
Тикток не одговори веднаш на барањето за коментар. Апликацијата, која е во сопственост на кинеската „Бајтденс“ (ByteDance Ltd.), работи на зголемување на времето што корисниците го поминуваат на неа, како и на развивање навики за купување пред нејзината можна забрана во САД. Токму во петокот Апелацискиот суд во САД го потврди законот со кој може да се забрани Тикток во таа земја веќе во јануари. Платформата најави жалба и до Врховниот суд. Претходно годинава Тикток презеде уште еден потег за привлекување нови корисници, со тоа што почна да бара од луѓето да ја преземат апликацијата ако сакаат да гледаат видеа што другите ги споделуваат.
Претседателот Џо Бајден во април потпиша закон со кој се бара „Бајтденс“ да му ја продаде апликацијата на американски сопственик најдоцна до 19 јануари, со цел да ги елиминира грижите за националната безбедност, во спротивно ќе се соочи со забрана.
Регулаторните блокади малку ги забавија плановите за раст на „Бајтденс“. Компанијата имаше цел десеткратно да го зголеми обемот на продадени стоки на апликацијата преку „Тикток шоп“, на 17,5 милијарди долари, објави „Блумберг“ во јануари. Оттогаш „Бајтденс“ само ги зголеми своите амбиции. „Тикток шоп“ тројно ја зголеми продажбата во САД на повеќе од 100 милиони долари за време на распродажбата за црн петок. Продавницата исто така вчера започна со работа во Шпанија, нејзината прва станица за европско ширење, по што следува и Ирска.